Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Раст на продажбата и деби на иновации за ладење и замрзнување во извештајот на Liebherr за 2020 година

02 july 2021

In Bulgarian   In Serbian

 

Во изминатата 2020 година, одделот за апарати за домаќинство на Liebherr, кој глобалниот производител успешно го развиваше во Бугарија повеќе од 20 години преку производствената компанија „Либхер-Хаусгерете Марица“, имаше повеќе причини за гордост. Резултатите од неговиот развој во финансиски аспект и достигнувањата во однос на инвестициите и новите производи ги објави Liebherr во својот Годишен извештај. Повеќе за нив ќе Ви раскажеме во денешниот материјал.

 

 

Добри финансиски резултати ширум светот

 

„Наспроти позадината на благ општ пад на пазарот за големи апарати за домаќинство минатата година, продажбата на ладилниците и замрзнувачите на Liebherr е поголема. За финансиската 2020 година, одделот за апарати за домаќинство на Liebherr објави зголемување на продажбата од 24 милиони евра, што претставува 2,4% на годишно ниво“, објаснија за BalkanEngineer.com од Либхер-Хаусгерете Марица.

 

Ѕвездено деби на новите решенија на Liebherr

 

Компанијата ја претстави новата генерација на целосно интегрирани фрижидери и замрзнувачи, а во центарот на вниманието беше функцијата „HydroBreeze“ на одделот „BioFresh“. Благодарение на неа, секогаш кога ќе ја отворите вратата на ладилникот, ќе забележите дека овошјето и зеленчукот во него се покриени со свежа, ладна „магла“. Љубопитен факт е дека технологијата е инспирирана од природата и се базира на феномен на западниот брег на Америка во плодна долина опкружена со пустина.

 

 

 

Фокусот е на дигитализацијата

 

Liebherr посветува особено внимание на дигитализацијата, а особено на паметниот мониторинг. Во октомври 2020 година, во град Улм, Германија, се отвори новата деловна зграда на Liebherr-Hausgeräte Vertriebs und Service. Исто така тоа е домот на глобалниот тим за дигитализација „Digital Hub“, кој е одговорен за разработка на голем број дигитални проекти ориентирани кон иднината на апаратите за домаќинство.

 

Адреса: 4202, Бугарија, Радиново, област Пловдив, индустриска зона Марица

Телефон: 00359 32 615 414

Е-mail: lhm_jobs@liebherr.com

 

Повеќе информации за Либхер-Хаусгерете Марица ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фото материјал: Либхер-Хаусгерете Марица, Liebherr

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »