In Bulgarian.
Фирмата Рапид Прогрес е носител на наградата „100% Solidworks Reseller Club“ од светската конференција на DS Solidworks - Solidworks World '2016, која се одржува секоја година во Далас, Тексас, САД, соопштија за BalkanEngineer.com од овластениот за македонскиот пазар препродавач на софтвер за 3D моделирање.
„Минатата и оваа години се исполнети со многу успеси за екипата на Рапид Прогрес ДООЕЛ. Заедно со зголемување на нашето клиентско портфолио и афирмација на нашите партнерства, добивме признание за време на светската конференција на Dassault Systèmes SolidWorks, Solidworks World '2016“, појаснија од Рапид Прогрес.
Благодарение на вложените напори од екипата на утврдената CAD/CAM компанија Dassault Systèmes го награди Рапид Прогрес со титулата: „100% Solidworks Reseller Club“ за нивните постигнувања. „Имаме чест и одговорност да продолжиме да ја одбрануваме добиената титула“, додаваат од компанијата.
Извор на фотографии: Рапид Прогрес; Dassault Systèmes SolidWorks