In Bulgarian.
Виртуелната симулација е комплетно решение за конструирање во сите индустрии. Достапна алатка за 3D симулација, нудејќи моќни можности презентираат за BalkanEngineer.com од фирма РАПИД ПРОГРЕС. „Пронаоѓајќи ја интуитивната моќ на SolidWorks Simulation Standard, вие ќе го подобрите своето секојдневно проектирање“, коментираа од компанијата, која е овластен дистрибутер на DS SolidWorks за територијата на Бугарија и Македонија.
Им поставуваме 3 прашања на професионалните проектанти, дизајнерите на нови производи и инженерите:
- Како се уверувате дека производите ги задоволуваат техничките барања?
- Како избегнувате редизајнирање?
- Како го предвидувате животниот циклус на производот?
„Од секој ќе добиеме барем толку одговори колку се и прашањата“, лаконски одговараат од РАПИД ПРОГРЕС. SolidWorks 3D го забрзува процесот на проектирање и го прави попродуктивен. „Додадете и верификација во реално време со SolidWorks Simulation кон развојот на производот и ќе добиете еден сосема доволен одговор на сите прашања“, изјавија од компанијата.
„Додавањето на SolidWorks Simulation Standard кон инструментите за проектирање овозможува уште во почетокот на проектирањето да одредите дали и колку време ќе работи производот“, кажаа од РАПИД ПРОГРЕС. SolidWorks Simulation нуди виртуелно тестирање на алтернативи. Со платформата лесно може да се споредува ефикасноста на различни алтернативни конфигурации на проектот.
„Анализата на заморот на металот за компонентите веќе е полесен и интуитивен со алатката Trend Tracker. Тесно интегриран со SolidWorks CAD, анализата на заморот на металот преку SolidWorks Simulation може да биде редовен дел од процесот на проектирање, намалувајќи ја потребата од скапи прототипови, елиминирајќи ја преработката или доцнењето и заштедувајќи време и трошоци за развој“, додадоа во заклучок од РАПИД ПРОГРЕС.
Централна канцеларија:
Адреса: Бугарија, Благоевград 2700, бул. Свети Димитър Солунски 4
Телефон: 00359 899 691 234
Е-mail: info@rapidprogress.eu
Извор на фотографии: РАПИД ПРОГРЕС, DS SolidWorks