Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Приемникот DigiPHONE+2 на Megger овозможува лесно и прецизно акустично и електромагнетско пронаоѓање на кабелски дефекти

07 july 2024

In Bulgarian  In Serbian In Albanian

 

Приемникот за акустични бранови за акустично и електромагнетно лоцирање digiPHONE+2 на Megger комбинира различни методи за ефикасно потиснување на бучавата во заднина, обезбедувајќи максимален и одличен акустичен сигнал кој го содржи само шумот од дефектот. „Уредот поседува највисок степен на отпорност на странична бучава, филтрирајќи ја автоматски. digiPHONE+2 ги синхронизира сите параметри без потреба од дополнителна калибрација, нудејќи лесна употреба и брзо решавање на појавените проблеми“, соопштија за BalkanEngineer.com од компанијата.

 

 

Кои технологии се наоѓаат зад новиот digiPHONE+ 2?

 

Интелигентно потиснување на бучавата во позадина BNR ( Background Noise Reduction)

 

Новата, интелигентна BNR технологија за потиснување на бучавата во позадината ја препознава разликата помеѓу бучавата во позадина и дефектот при што сигурно ја филтрира бучавата во позадина.

 

Автоматско исклучување на APM (Automatic Proximity Mute)

 

При приближување кон рачката на микрофонот за земја звукот се исклучува уште пред раката на операторот да ја допре, избегнувајќи го пукањето во слушалките. Звукот повторно се вклучува дури откако микрофонот е повторно ставен и пречките предизвикани од допирањето на неговата рачка престануваат. Одложувањето на звучниот сигнал гарантира дека digiPHONE+2 стои неподвижно и сите можни механички вибрации се стопирани.

 

Кабелски компас

 

Кабелскиот компас за визуелизација на кабелската траса му овозможува на корисникот да стои директно над кабелот. Компасот (зелената линија) не само што покажува дали сте лево или десно од кабелот, туку и под кој агол тој минува во однос на микрофонот на земја.

 

Покажувач за дефектот

Индикаторот за насоката на дефектот ја покажува насоката во која се случил дефектот. Растојанието до дефектот може да се прикаже во милисекунди, метри или стапки.

 

Безбедна и ефикасна работа со сондата за чекорен напон 50 Hz

Високите напони при класичните методи за лоцирање на дефекти може да бидат опасни за корисниците поврзани кон изворот на енергија. Со помош на новата 50 Hz сонда на Megger со чекорен напон, веќе е можно да се пронајдат кабелски дефекти при вклучено напојување кон мрежата на домаќинствата.

 

 

Приемниците digiPHONE+2 се испорачуваат во комплет со:

- Микрофон за земја разработен за најпредизвикувачките работни услови (1);

- 5 адаптери по избор во зависност од почвата, проектирани за максимална апсорпција на звук при различни својства на почвата (2);

- Ергономска рачка со прилагодлива висина за максимална удобност при употреба (3);

- Мултифункционален дисплеј со интуитивен кориснички интерфејс (4);

- Слушалки Bluetooth® ANC (Active Noise Cancelling) од висока класа со кристално чист звук Sennheiser (опција) (5).

 

Pic 1050 digiPHONE 6

 

Адреса: Бугарија, Софија, бул. „Ситнаково“ 35

Телефон: +359 943 4803; +359 2 846 8294; +359 887 783 514

Е-mail:  alexander.georgiev@megger.commegger.bg@megger.cominfo.bg@megger

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Мегер Бугарија, Megger

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »