Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

„Паметни“ функции, стилски дизајн и заштедени трошоци за електрична енергија - запознајте се со палетата на конвектори на Теси

07 march 2023

In Bulgarian  In Serbian  In Romanian

 

Теси е високотехнолошка компанија која бара нови специјалисти за својот тим. Видете ги можностите и аплицирајте уште денес!

 

Опремени со интелигентни функции и се одликуваат со стилски дизајн, конвекторите Tesy се „паметни“ енергетски ефикасни решенија кои ја обезбедуваат потребната удобност и топлина за вашиот дом, при што истовремено со тоа ја оптимизираат потрошувачката на електрична енергија и ги намалуваат вашите сметки. Во денешниот напис, добро етаблираниот бугарски производител на апарати за домаќинство Теси презентира три од своите водечки модели на конвектори - Fine Eco (со функцијата Air Safe) Cloud, Live Eco Cloud, Floor Eco Cloud, како и сите иновативни решенија вградени во нив.

 

 

„Широката палета на панелни конвектори на Tesy вклучува модели со лесно и интуитивно далечинско управување, како и бројни опции за заштеда на енергија и безбедност. Нашата иновативна функција за прочистување на воздухот AirSafe, која ја имаат некои модели, ја подобрува хигиената во вашиот дом при што уништува 98% од вирусите и бактериите во зоната на загревање“, објаснија од Теси.

 

И еве на што се должи високото ниво на енергетска ефикасност што го постигнуваат уредите од производствената линија во споредба со другите слични уреди:

 

- Контрола со апликацијата MyTESY: преку неа, потрошувачката на енергија може да се оптимизира со помош на функции за заштеда на енергија;

- Ниска почетна инвестиција со брза монтажа и можност за претходна визуелизација во вашиот ентериер со апликацијата TESY AR за да бидете сигурни во вашиот избор;

- Работи само кога е потребно, благодарение на функциите „Неделен програмер“, „Адаптивен старт“ и режимите „Еко“, „Комфор“ и „Сон“;

- Електронски терморегулатор: Со точност од ±0,1°C, обезбедува прецизно мерење на температурата и заштедува до 21% од сметките за електрична енергија.

 

 

Што вклучуваат функциите за заштеда на енергија:

 

- Отворен прозорец/врата: Греењето автоматски се исклучува во случај ако се регистрира нагло опаѓање на температурата во просторијата;

-„Еко“, „Комфор“, „Сон“: Трите режими на работа ви овозможуваат да ја наштелувате работата на конвекторот на најефикасен начин за вашите потреби;

- Статистика: Можност за пресметување на  потрошената електрична енергија и следење на историјата на потрошувачката за оптимален мониторинг на потрошувачката на енергија.

 

Освен како производител на бојлери и апарати за домаќинство кој е докажан европски лидер, Теси е компанија позната како етаблиран работодавач кој инвестира во квалификацијата и развојпт на своите вработени. Ако работата со високи технологии ве интересира, видете повеќе за Теси ТУКА!

 

 

Еве ги моделите:

 

FinEco Cloud со функција AirSafe: „Ова е нашето најново решение за загревање на простории, опремено со модул за управување преку Интернет и нашата иновативна технологија за подобра хигиена на воздухот“, објаснија од Теси. Моделот опфаќа моќности од 600 до 2000 W и е погоден за простории со волумен од 10 до 65 m3.

 

LivEco Cloud: Конвектор кој обезбедува висок комфор преку вградениот Wi-Fi модул за Интернет контрола а и подобрениот поинтуитивен електронски контролен панел. Моделот е достапен и со функција AirSafe. Се нуди со моќност од 500 до 2500 W.

 

FloorEco Cloud: Нов самостоен електричен панелен конвектор со елегантен дизајн и можност за користење во бања, благодарение на степенот на заштита од прскање на вода IP 24. Уредот обезбедува лесна и интуитивна контрола со апликацијата MyTESY. Достапен е со моќност од 2000 W.

 

Канцеларија во Софија

Адреса: Бугарија, Софија, стр.к 1766, ж.к. Парк Софија, Блок 16 V, канцеларија 2.1, 2 кат

Телефон: 00 359 2 902 66 66 

Е-mail: office@tesy.com

 

Канцеларија во Шумен

Адреса: Бугарија, Шумен, п.к. 9700, бул.Мадара бр.48.

Телефон: 00 359 54 859 129 

Е-mail: office@tesy.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Теси

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »