In Bulgarian
Д-р Јошихару Инаба е извршен директор на јапонската компанија FANUC, светски лидер во областа на роботизацијата и автоматизацијата. „Неодамна, д-р Инаба му даде интервју на германското списание „ММ MaschinenMarkt“. Неговото појавување во медиумите е исклучително ретко, затоа сакаме да ве запознаеме со неговиот менаџерски поглед за стратегијата на FANUC за зацврстување и проширување на нејзината позиција во услови на глобални компјутерски мрежи, како и какво е значењето на европските пазари за компанијата“, информираа за BalkanEngineer.com од ФАНУК Бугарија ДООЕЛ.
Денес сите зборуваат за промените низ кои минуваат компаниите за да се дигитализираат. Според д-р Инаба, ова не е новина за FANUC. Како компанија која е експерт за ЦПУ технологија, FANUC го започна процесот на дигитализација на машините и системите уште пред децении. Денешната дигитализација и изградбата на мрежи го менуваат производството. Според д-р Инаба, овој процес бара време, бидејќи индустријата сè уште не е целосно подготвена.
Иако дигиталните технологии одамна си го најдоа своето место во секојдневието, според извршниот директор на FANUC, реалноста во индустријата е многу покомплексна, бидејќи барањата кои треба да го најдат своето соодветно решение, се сосема различни. Д-р Инаба го дава за пример концептот Industry 4.0, чија цел е да ги поврзе сите машини во мрежа и со тоа да се контролира целото производство од еден систем и од една физичка точка. Според него, треба да се преземат уште многу чекори кон дигитализацијата пред да бидеме целосно подготвени. Сепак, откако ќе достигнеме такво ниво, следните промени во индустриското производство ќе се случат многу брзо.
Централна канцеларија за Југоисточна Европа
Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД
Телефон: 00359 2 963 33 19, 00359 2 963 32 86
E-mail: service.bg@fanuc.eu
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: ФАНУК Бугарија ДООЕЛ, FANUC