In Bulgarian
FANUC, светски лидер во областа на роботиката и автоматизацијата, разви нов робот со целосно затворена конструкција LR-10iA/10 кој не само што е лесен и компактен, туку нуди широк опсег на работа и висока отпорност кон навлегување на прашина и вода. „Комбинацијата на мала тежина, голема брзина, преносливост и затворена конструкција го прави новиот LR-10iA/10 исклучително атрактивна понуда за примена поврзани со послужување на машини, како и за задачи во логистиката.
Роботот LR-10iA/10 ја зазема истата површина како и постоечкиот LR Mate 200iD/7L, но има 1,4 пати поголема носивост на рачниот зглоб и 1,2 пати поголем опсег. Дополнително, благодарение на степенот на заштита IP67, роботот е оптималното решение за послужување на машини во кои вообичаено е присуството на загадувачи како течност за ладење, струготини и мазива.
Благодарение на својот тенок профил, новиот робот може да работи во тесни простори во рамки на работната зона на машината, обезбедувајќи ефикасни операции на товарење и растоварување. „Задачите за избор во логистиката, кај кои FANUC набљудува зголемена побарувачка во последниве години, се уште една можна намена во која имплементацијата на LR-10iA/10 е многу корисна“, објаснија од ФАНУК.
Роботот го користи најновото управување на FANUC R-30iB Plus како додаток на конвенционалната конзола за обука iPendant, а истовремено се нуди и интуитивен Tablet TP кој е лесен за употреба. Дополнително, како и кај сите роботи на FANUC, LR-10iA/10 може да се конфигурира со сензори за машински посматрање и широк опсег на интелигентни функции кои помагаат да се зголеми флексибилноста.
Централна канцеларија
Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД
Телефон: 00359 2 49 29 369
E-mail: service.bg@fanuc.eu
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: ФАНУК Бугарија, FANUC