In Albanian In Bulgarian
Вообичаено, големите корпорации со персонал во многу земји поседуваат сложена структура на повеќе нивоа со значително растојание помеѓу вработените во одделните земји и централниот менаџмент. И ако ова се смета за дел од специфичноста на големите деловни структури, тогаш Wilo Group уште еднаш презема иновативен пристап, инвестирајќи во уникатен проект за грижа за својот броен тим ширум светот. Со новиот проект за изградба на здравствен центар наречен Health Cube во седиштето на Wilo Group во Дортмунд, ќе бидат обезбедени висококвалитетни здравствени услуги за сите 8.400 вработени во компанијата ширум светот. „Со овој необичен проект, технолошкиот лидер во областа на пумпите и пумпните решенија ја прави здравствената заштита свој постојан приоритет, паралелно со одржливоста и иновациите во светлото на „зелените“ политики на компанијата“, раскажаа за BalkanEngineer.com од компанијата.
Церемонијата на поставување на камен-темелник за градежниот проект се одржа на 15 декември 2023 година во седиштето на Wilo Group во Wilopark во Дортмунд. Замислата е фокусирана на обезбедување иновативна здравствена заштита за сите вработени во корпорацијата, независно од тоа каде се наоѓаат, при што новиот центар ќе работи и за луѓето од регионот на Дортмунд. Се планира изградбата да започне во мај 2024 година и да биде завршена до крајот на 2025 година, а официјалното отворање на новиот Health Cube е закажано за почетокот на 2026 година.
„Концептот вклучува комбинација од погодна местоположба, холистички пристап и понуда на висококвалитетно лекување од општи лекари, специјалисти и терапевти. Прецизната дијагностика со модерна апаратура и медицинските практики ќе биде насочена како кон општата, така и кон медицината на трудот. Специјалистите ќе бидат од различни области на медицината, меѓу кои и ортопеди за превенција и лекување на локомоторни проблеми, кардиолози, дерматолози и други“, коментираа од Wilo. „Ќе се стави акцент на терапијата на посреќаваните состојби како што се болки во грбот и кардиоваскуларни проблеми. Се предвидува да се понуди психотерапевтска помош базирана на разговор, спортска медицина, физиотерапевтски процедури, па дури и достапност на спортска сала со најсовремена спортска опрема, како и спортски простор на отворено“, објаснија уште од компанијата.
Оливер Хермес, претседател и извршен директор на Wilo Group, ги резимираше намерите на менаџментот на компанијата вака: „Со нашиот иновативен Health Cube, инвестираме во здравјето!“. Тој посочи три столба во севкупната стратегија на концернот, врз базата на одржливоста – создавање, грижа и поврзување.
Wilo Претставништво Скопје
Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Париска, 4
Телефон: +359 2 312 2058
E-mail: info@wilo.com.mk
Лице за контакт: Валериј Војнески Дипл. маш. инж.
Телефон: +389 070 20 5297
E-mail: valerij.vojneski@wilo.com.mk
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Wilo Group