In Bulgarian. In Romanian.
Лидерот во областа на индустриската автоматизација и роботски решенија Fanuc Corporation објави деби на нова серија електрични машини со жица за сечење на европскиот пазар, соопштија за BalkanEngineer.com од Фанук Бугарија, канцеларија Македонија. Тоа е серијата FANUC Robocut a-CiB која ќе ја замени досегашната a-CiA. Европската премиера на новите електрични машини со жица за сечење a-CiBќе биде во септември на саемот AMB во Штутгарт.
Новата серија електрични машини со жица за сечење Robocut опфаќа три модели: досега постоечките ROBOCUT a-C400iB и ROBOCUT a-C600iB, како и новото засилување Robocut a-C800iB. Во рамките на софистицираната производствена серија моделот a-C600iB ги задржува своите досегашни параметри, а a-C400iB ја зголемува својата површина на сечење до X400xY300xZ255 mm при капацитет од 500 kg за обработувано парче.
Новиот модел a-C800iB поседува површина на сечење од X800xY600xZ310 mm. „Тој е погоден за претпријатија со големи леени форми, како и за компаниите кои бараат области за проширување на сопствениот бизнис“, додадоа од Фанук Бугарија, канцеларија Македонија.
Електричните машини со жица за сечење од новата серија a-CiB се карактеризираат со компактност и високи перформанси, поголема прецизност на сечење, како и со вграден механизам за подобрено ослободување на парчињата преку новиот контролер за флексибилно ослободување FPC. Симетрично конструираната излеана конструкција на машината од лиено железо е оптимизирана за поголема цврстина и термичка стабилност со цел висока прецизност“, коментираа од Фанук Бугарија, канцеларија Македонија.
Електричните машини со жица за сечење FANUC Robocut a-CiB се управуваат од најновата серија 31i-WB ЦПУ со технологија „Тач скрин“ и го поддржуваат новиот кориснички интерфејс FANUC iHMI. "Моќното ЦПУ управување ги нуди најсофистицираните ЦПУ функции во технологијата за управување, како и можност за управување со софтверот Robocut CAMi директно од ЦПУ екраните", додадоа од Фанук Бугарија. Софтверската алатка за десктоп компјутер ROBOCUT Linky кој му овозможува на операторот да ја следи состојбата на машината во реално време, исто така е целосно нов со лесен за употреба интерфејс. „Кон серијата се нуди и пакетот за брз старт Robot QSP кој овозможува полесна интеграција на роботи за послужување на машината“, истакнаа во заклучокот од Фанук Бугарија, канцеларија Македонија.
Извор на фотографии: Fanuc