Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Мегер Бугарија: Повеќефункционалниот комплет за тестирање PVK330 ги олеснува монтажата

26 august 2022

In Bulgaria

 

Кога треба да монтирате, да пуштате во употреба и тестирате фотоволтаична инсталација, потребна ви е дополнителна опрема што ќе ја придружува вообичаената опрема за електрично тестирање, како што се повеќефункционалните тестери Megger MFT1730 и MFT1835. „Комплетот од тестери за фотововолтаични инсталации Megger PVK3 PV  овозможува мерење на сончевото зрачење, струјата на куса врска и излезниот напон на соларни модули или соларни системи. Со негова помош, измерените вредности може да се споредат со податоците наведени од производителот на модулот и на тој начин да се одреди функционалноста и ефикасноста на соларниот систем“, информираа од Мегер Бугарија.

 

 

PVK330 вклучува мерач на сончевото зрачење PVM210, мерни стеги за струја DCM340 600 A DC/AC и сет на специјализирани кабли за тестирање на фотоволтаици. За полесно складирање на овие мерни уреди, фотоволтаичниот комплет се испорачува во пригодна торба за носење со патент.

 

Комплетот PVK330 им дава можност на техничарите на фотоволтаични инсталации истовремено да го мерат сончевото зрачење со PVM210 и да прават проверка на струјата на краток спој наведена од производителот на модулот, според стандардните барања, преку мерните стеги за струја. Дополнително, стегите ја овозможуваат проверката на струјата на секоја низа при повеќе соларни низи без да има потреба да се исклучуваат каблите.

 

Мерни стеги за струја DCM340

 

Стегачите DCM340 имаат опсег на мерење до 600 V AC/DC и 600 A AC/DC. Дополнителните функции вклучуваат мерење на отпор и фреквенција. Вклучена е и функција за задржување на читањето што го олеснува мерењето. „Дополнителнителните функции се корисни и за други делови од фотоволтаичната инсталација. Кон секој елемент за зафаќање се нудат силиконски  кабли за тестирање со сонди и заштитна футрола за складирање“, прецизираа специјалистите.

 

 

Големиот LC дисплеј со позадинско осветлување е со висока резолуција за да може подобро да се проценат трендовите и флуктуациите во измерените вредности. Функцијата „Min/Max“ ги зачувува максималните и минималните вредности, функцијата „Peak Hold“ може да фати приливни струи со фреквенцијаа на дискретизација од 10 ms, а функцијата „Auto-Power-Off" ги исклучува мерните стеги за струја DCM340 автоматски по 30 минути. Доколку е потребно, оваа функција може да се исклучи при долгорочни мерења. Со функцијата „Relative" се зачувува референтна вредност и отстапувањето од оваа вредност се прикажува директно на екранот.

 

Адреса: Бугарија, Софија 1505, бул. „Ситнаково“ 35

Телефон: +359/943 48 03; +359 2/846 82 94; +359 887 783 514

Е-mail:  alexander.georgiev@megger.commegger.bg@megger.cominfo.bg@megger

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Мегер Бугарија, Megger

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »