In Albanian In Bulgarian
Современите фотонапонски инсталации се меѓу најпознатите начини за искористување на сончевата енергија. Според извештајот на BNEF, до 2050 година производството на електрична енергија од обновливи извори би можело да достигне удел од 56%, а фотонапонските извори на енергија стануваат се попопуларни и поконкурентни. Производството на електрична енергија од соларни инсталации се зголемило за рекордни 179 TWh во 2021 година, што претставува раст од 22% во споредба со 2020 година. Соларната фотонапонска енергија остануваат третата најголема технологија за обновлива електрична енергија по хидро и ветерната енергија.„Megger е посветен да обезбеди електрична опрема за тестирање потребна за инсталација, одржување и отстранување на проблеми во фотонапонските инсталации. DCM1500S на Megger се најновите ампер клешти за соларни инсталации, кои се наменети за монтажа, одржување, следење и проверка на големи соларни системи за наизменична или еднонасочна струја, како и стандардна електрична опрема за наизменична или еднонасочна струја“, информираа од Мегер Бугарија.
Со својот голем и јасен екран, ампер клештите DCM1500S лесно мерат напон, струја, отпор, капацитет, температура, фреквенција и друго. „Користејќи ја бесплатната апликација Megger Link, ампер клештите DCM1500S ви овозможуваат далечински да ги следите мерењата преку вградената Bluetooth комуникација, прикажувајќи ја промената на параметарот во графичка форма во реално време на одреден паметен уред. Можностите да се визуелизираат трендовите и да се запишуваат вредностите овозможуваат да се извршуваат анализи во подоцнежна фаза“, коментираа од Мегер Бугарија.
Уредот мери до 2000 V DC и 1500 V AC (со користење на PVHV проводници) како и 1500 A AC или DC. Ампер клештите DCM1500S се испорачуваат како со стандардни проводници од 4 мм, така и со новите сетови високонапонски проводници PVHV1 (4 mm) и PVHV2 (MC4PV). Големиот, јасен екран со внатрешно осветлување и автоматско фенерче во вилиците го олеснуваат користењето на алатот во слабо осветлени зони. Функцијата „Smart Hold“ за привремено меморирање на податоците ја проширува стандардната функција „Hold“ со тоа што му обезбедува на операторот звучен предупредувачки сигнал доколку отчитувањето на „Hold“ се зголеми на 50 мерења или повеќе. Функцијата за привремено меморирање „Min/Max“ обезбедува можност за мерење на максималните и минималните вредности во одреден временски период, при што секоја вредност може да се избере алтернативно. Други функции вклучуваат високофреквентен бенд - пропусен филтер, мерење на налетна струја, внатрешно евидентирање на податоци, режим за барање напон без контакт и рачно ресетирање на еднонасочна струја.
Покрај мерењето на напон и струја, ампер клештите DCM1500S можат да мерат исто така отпор, диода, капацитет, температура и фреквенција. Ампер клештите DCM1500S се од класа CAT IV 600 V и CAT III 1000 V според барањата на IEC 61010-1 и IEC/EN61010-2-033.
Поле на примена на ампер клештите DCM1500S
DCM1500S се проектирани за употреба во електрични системи и опрема, вклучително соларни/фотонапонски инсталации, каде што има потреба од мерење на струја, напон, отпор и фреквенција.
Функцијата „Smart Hold“ овозможува следење на зголемувањето на регистрираните мерења со издавање на звучен предупредувачки сигнал. Режимите „Max/Min“ и „Inrush“ овозможуваат да се идентификуваат максималните струи на оптоварување на опремата, како што се налетни струи на мотори и грејачи.
„Мерењето на еднонасочна струја може да се користи и во други примени, вклучително и тестирање на батерии, во автомобилската индустрија, тестирање на електрични кола за напојување и оптоварување, послужување на електрични возила, одржување на лифтови, пуштање во работа на UPS уреди, технички сервис и одржување на електрични инсталации за галванизација и опрема за заварување, како и во производство на електрична енергија во домаќинството од соларни панели и турбини на ветер“, додадоа уште од Мегер Бугарија.
Адреса: Бугарија, Софија 1505, бул. „Ситнаково“ 35
Телефон: +359/943 48 03; +359 2/846 82 94; +359 887 783 514
Е-mail: alexander.georgiev@megger.com; megger.bg@megger.com; info.bg@megger
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Мегер Бугарија, Megger