In Bulgarian In Albanian
До неодамна, кога се зборуваше за обработка со жична EDM машина, беше јасно дека традиционално се постигнува потребната прецизност за сметка на брзината. Затоа инженерите на FANUC имаа за цел и ја разработија серијата од најновата генерација на EDM машини ROBOCUT α-CiC. Сега оваа палета е дополнета со трет модел ROBOCUT α-C800iC со опција за од на оската Z од 500 mm и голем број други функции кои го забрзуваат производството на компоненти со големи димензии за различни индустриски гранки.
Серијата жични EDM машини ROBOCUT α-CiC сега вклучува три модели на универзални EDM машини со висок степен на флексибилност, кои бараат минимално одржување, имаат долг работен век и имаат кратки работни циклуси. Тие се проектирани да заштедат време и да ги намалат трошоците за производство, при што истовремено обезбедуваат висока прецизност и ефикасност на обработката.
Новата машина ROBOCUT α-C800iC има голем број на предности од кои можат да имаат корист производителите кои вршат висококвалитетна обработка со голема брзина на големи и сложени компоненти. Тој е најголемиот модел во серијата EDM од најновата генерација α-CiC на FANUC. И покрај тоа што има од по X-оската од 800 mm, по Y-оската – 600 mm и Z-оската до 500 mm, α-C800iC успева да го задржи својот компактен отпечаток благодарение на резервоарот со уникатна форма.
„ROBOCUT α–C800iC го имаше своето деби на меѓународниот саем EMO 2023 во Германија и сега веќе официјално се нуди во цела Европа. Посетителите на минатогодишниот форум имаа можност да видат демонстрација на импресивните можности на машината, која обработуваше сложен детаљ од аеро космичка турбина изработен од нерѓосувачки челик SUS304“, раскажаа од FANUC.
Машините за жична електроерозивна обработка ROBOCUT α-C800iC на FANUC нудат голем број клучни предности при обработка на детали со тежина до 3000 kg. Обезбедувајќи врвна продуктивност и исклучителна сигурност, нивните функции вклучуваат сечење на повеќе детали, функција CORE STITCH удобна за корисникот, ултракратко време на полнење од само 160 секунди со опционален од на оската Z од 500 mm или 120 секунди со стандарден работен од, брзо внесување на жица, автоматско повторно напојување при нејзиното прекинување, прецизна контрола на затегнатоста на жицата со двојно серво управување како и калена маса за деталите. Лесна за инсталирање, одржување и поправка, машината е олицетворение на ефикасноста.
Вештачката интелигенција FANUC AI во алгоритамите за машинско учење помага да се обезбеди правилната термичка компензација на позицијата на жицата, дури и при флуктуации на температурата на околината.
Централна канцеларија
Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД
Телефон: +359 2 492 9369
E-mail: service.bg@fanuc.eu
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: ФАНУК Бугарија, FANUC