Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Маккаб: Групација Филкаб одбележува 25 години раст и одговорност кон тимот, клиентите, партнерите, општеството и природата

25 september 2024

In Bulgarian In Albanian In Serbian

 

На 12 септември 2024 година, сала Бендида на Гранд Хотел Пловдив, Бугарија, се покажа тесна за стотиците гости кои присуствуваа на прославата на 25-годишнината на Филкаб - една од најголемите и динамично во развој европски трговски, инженеринг и производствени компании во областа на електричната опрема и автоматизацијата. Многу пред официјалниот почеток на настанот, во лобито на хотелот се изви долга редица од клиенти, партнери и пријатели на компанијата од земјава и странство, кои сакаа да ги поздрават домаќините.

 

 

„Денес славиме 25 години од создавањето на групацијата Филкаб. За четврт век, малку компании можат да се гордеат со ваква колоритна и заситена историја. Благодарение на нашата напорна работа и пракса низ годините, успеавме да се етаблираме како водечка трговска компанија со брз и одржлив раст на пазарот за електротехнички производи. Заедно со нашите партнери и клиенти го постигнуваме секој наш успех! Како резултат на долгогодишно проучување на пазарот, бројните истражувања и имплементацијата на нови технологии, Филкаб успеа да ја пронајде својата улога на индустриската сцена. Ја зацврстивме нашата лидерска позиција на пазарот на електротехнички производи и средства за автоматизација, сфаќајќи ја нашата одговорност кон нашите клиенти и партнери, заедницата и природата“, изјавија домаќините во првите минути од официјалниот дел на прославата.

 

„Исполнети со надеж, амбиции и стратегии за постигнување на одржлива иднина, се чувствуваме подготвени да се соочиме со претстојните предизвици. Веќе 25 години, каузата на Филкаб е да испорачува висококвалитетни технички производи, што ги задоволуваат дури и најстрогите барања на потрошувачите. Со развојот на нашите активности, ние одамна ги надминавме нашите првични цели. Денес, Филкаб е групација од 8 компании со над 300 висококвалификувани вработени кои со ентузијазам и посветеност ја вложуваат својата енергија и компетенции во нашиот колективен успех“, категорични се од Маккаб.

 

Компаниите на Филкаб работат на територијата на Бугарија, Северна Македонија (Маккаб) и Србија (Филкаб-Миг). Бизнис групацијата опфаќа уште и физички трговски бази во седум од големите градови во нашата земја.

 

 

Филкаб – централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92

Телефон: +359 32 277 171; +359 32 608 881

E-mail: office@filkab.com

 

МаккаБ ДООЕЛ

Адреса: Македонија, Визбегово, Јадранска Магистрала бр. 59

Телефон: +72 31 0300; +71 34 7133 

E-mail: office@makkab.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Маккаб, Инженер.БГ

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »