Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

МаккаБ: Schneider Electric ја прошири својата воспоставена палета на модуларни разводни табли со новата оптимизирана серија Easy

12 march 2024

In Bulgarian In Serbian  In Albanian

 

„Палетата на производи EASY9 на Schneider Electric вклучува сè што е потребно за сигурна заштита на електричните инсталации - од прекинувачи и заштитни уреди до уреди за откривање на дефекти од електричен лак и модуларни табли. Од крајот на минатата година, докажаниот меѓународен производител ја додаде новата серија модуларни табли Easy9 EU на постојните бестселери од палетата Easy9 Compact и Easy9 Plus“, соопштија од етаблираната трговска компанија во сферата на електротехниката МаккаБ.

 

 

Модуларните табли од серијата Easy9 Compact имаат метално куќиште кое е целосно усогласено со британскиот стандард BS 7671 „Барања за електричните инсталации“. Нивниот компактен дизајн ги прави оптимално решение за ограничени простори. Лесни за монтажа, моделите од оваа серија се карактеризираат со оптимизиран дизајн на шините за клеми и кабли што обезбедува флексибилност во поврзување на влезот со левиот или десниот крај на корисничкиот модул. Благодарение на подвижните неутрални клеми, неутралните ленти може да се приспособат за да обезбедат решенија за RCBO (комбинирана заштита) или поделени кола. Таблите од оваа серија, исто така, имаат повеќе посебни отвори на куќиштето што овозможуваат флексибилност во протнувањето на кабли од сите страни на корисничкиот модул.

 

Металното куќиште на модуларните табли од серијата Easy9 Plus е исто така целосно усогласено со стандардот BS 7671 и има магнетно затворање на вратата. Реверзибилната врата на куќиштето е опремена со централни точки за прицврстување кои овозможуваат нејзино отворање одозгора или одоздола, обезбедувајќи флексибилност при монтажата. Моделите Easy9 Plus се погодни и за скриена монтажа, што освен заштеда на простор во просториите, го гарантира и интегритетот на дизајнот на ентериерот. „Просторот за ожичување е значително подобрен со цел задоволување на сè позголемените барања за начинот за поврзување. И оптимизираните влезови на кабли ги прават таблите Easy9 Plus погодни за широк дијапазон на намени“, објаснија од МаккаБ.

 

 

Палетата Easy 9 EU ги опфаќа разводните табли за становите од најнова генерација. „Задоволството на клиентите е главниот фокус при разработката на производите. Модуларните табли се лесни за монтирање, имаат ергономски дизајн, висока сигурност и неспоредлива цврстина. Бидејќи од клучно значење за корисникот се безбедноста и ефикасната работа, таблите се создадени да одговараат на навиките на електричарите. Предвидени се во верзија за вградена и отворена монтажа, со редица на клеми за нула и заземјување и со степени на заштита IP40 и IK07. Погодни се за едносемејни домови, мали канцеларии и продавници, хотелски соби, како и повеќесемејни станбени згради“, додадоа од МаккаБ.

 

Филкаб – централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92

Телефон: +359 32 277 171; +359 32 608 881

E-mail: office@filkab.com

 

МаккаБ ДООЕЛ

Адреса: Македонија, Визбегово, Јадранска Магистрала бр. 59

Телефон: +72 31 0300; +71 34 7133 

E-mail: office@makkab.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: МаккаБ, Schneider Electric, canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »