Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Кочница за железничката индустрија на Осам АД го зграпчи златото во конкурсот „Одливка на годината 2017“

13 june 2018

In Bulgarian   In Serbian

 

Детаљ на Осам АД - град Ловеч, дел од „Групација Технологија на металите - Ангел Балевски Холдинг“ АД, беше одликуван со златен медал и диплома во конкурсот „Одливки на годината 2017“, објавија за BalkanEngineer.com од компанијата. Настанот се одржа во рамките на ХХV Меѓународна научно -техничка конференција „Леење на метали 2018“, која се одржа од 18 до 20 април 2018 година во град Плевен, Бугарија. На неа се состанаа научници од различни земји кои ги презентираа своите научни достигнувања и ставови за проблемите на леарското производство.

 

 

Конференцијата беше отворена со воведниот говор на проф. Др. на техничките науки Георги Попов, претседател на Научно-техничкиот сојуз за машиноградба. Денот продолжи со презентации, научни извештаи и искажувања како на истражувачи и фирми, така и на такви од Чешка, Словенија, Италија, Германија и др. „Конференцијата за година по ред ја исполни својата улога на иновативен посредник помеѓу научниците од една страна, и индустријата од друга“, коментираа од MTG.

 

 

За време на вториот ден од манифестацијата беа доделени и годишните награди „Одливки на годината 2017“, од кои леарската фабрика „Осам“ АД - град Ловеч, Бугарија доби уште едно признание. Друштвото беше наградено со златен медал и диплома за својата одливка –кочница, наменета за железничката индустрија, во категорија Технолошки процес „Леење во песочни форми“. „Детаљот е разработен за Faiveley Transport Nordic Фавилеј од материјал GJS 500-7 и тежи 9,5 кг. Специфичното  за одливката е дека таа е тенкоѕидна и во исто време со сложена геометрија“, појаснија од докажаната бугарска производна компанија.

 

Адреса: Бугарија, Софија 1404, бул. Блгарија, населба Бокар, зграда 18

Телефон: 00 359 2/818 59 59

E-mail: mtg@mtgbg.comsales@mtgbg.comhr@mtgbg.com

 

 

Извор на фото материјал: Метал Технолоџи Групација АД

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »