Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

КМТ Сервиз: Решенијата на Vivax Metrotech за лоцирање на подземна инфраструктура го олеснуваат одржувањето на системи за водовoд

06 november 2023

In Albanian  In Bulgarian  In Serbian

 

Современиот потрошувач ја зема здраво за готово водата што тече од чешмата и дури кога таа недостасува, размислува каде би можел да биде проблемот. Прекинот на водоснабдувањето може да биде од различни причини, но меѓу најчестите е дефект на доводниот водовод. Тоа, пак, од друга страна може да биде последица на амортизиран систем на цевки, пукање предизвикано од околните земјени слоеви или тротоар или коловоз или не добро поставување на цевката уште за време на изградбата на системот. Разновидноста на цевководните системи и условите во кои тие работат наложуваат употреба на различни методи за нивното лоцирање. Повеќе за портфолиото на решенија за лоцирање на подземна инфраструктура на етаблираниот производител Vivax Metrotech за BalkanEngineer.com раскажаа од компанијата КМТ Сервиз.

 

 

Детектор за метал

 

Особено во урбана средина, многу важните инсталации на водовод и канализација се под земја, а по повторното ставање на патни облоги или обилни снежни врнежи, тие тешко се наоѓаат. Тоа ги вклучува и  граничните ознаки. Сепак, многу од овие компоненти се направени од магнетни или железни материјали, што овозможува нивно откривање со детекторот за метал VM-880.

 

Приемник vLoc3-Pro

 

Локаторот vLoc3-Pro располага со иновативни алатки за лоцирање на подземни комуникации, што гарантира  спречување на штети и истовремено собира информации за за детална анализа.

 

Локатори VM 500

 

Серијата VM 500 опфаќа локатори за општа намена кои лоцираат закопани инсталации во различни ситуации. Со фреквенција за лоцирање на пасивни напојување 50/60 Hz и три активни фреквенции, локаторите пронаоѓаат присуство на активни кабли за напојување и следат кратки растојанија.

 

VM-585 – локатор и детектор за метал

 

VM-585 е комбинација од популарниот помошен локатор VM-550 со дополнителна предност на вграден детектор за црни метали. Ова го прави погоден за лоцирање на кратки растојанија и откривање на закопани предмети од црни метали.

 

Локатор VM-810

 

Инструментот VM-810 со своите 83,1 kHz е оптимално решение за инсталации за вода и гас, кои обично имаат поголеми дијаметри на цевките, елементи во облик на ѕвонче и заптивки.

 

 

Инструмент за откривање на комунална инфраструктура vScan

 

Тоа е решение проектирано да го претвори откривањето на закопани комунални мрежи во лесен и исплатлив процес. Основните карактеристики и оперативните контроли се во согласност со индустриските стандарди, па затоа е потребна минимална обука за ракување со инструментот.

 

Адреса: Бугарија, Софија 1303, ул. „Средна Гора“ 89

Телефон: 00359 888 781 788

Е-mail: kmt.servicebg@gmail.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: КМТ Сервиз, Vivax Metrotech

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »