In Bulgarian In Serbian
„Калкулаторот CF600W е мерач за мерење на термална енергија наменет да прима сигнали од конверторот на потрошувачка и од конверторите на температура. Тој ја пресметува и прикажува потрошувачката и количината на топлина. Калкулаторот CF600W работи кон мерачи на потрошувачка монтирани на влезот/излезот од колото за размена на топлина“, соопштија експертите од долгогодишната производствена, инженеринг и трговска компанија Унисист Инженеринг.
Калкулаторот е три типа според видот на мерачот на потрошувачка:
- CF600W T1 — мерачот на потрошувачка е со излез на струја од 4–20 mA, пропорционален на потрошувачката (на пример: ултразвучен, вртложен, итн.);
- CF600W T2 — мерачот на потрошувачка е стеснувачки уред со еден или два предаватели за диференцијален притисок;
- CF600W T3 — мерачот на потрошувачка е со високофреквентен импулсен излез пропорционален на потрошувачката (ултразвучен).
Уредот има четири аналогни и еден дискретен влез, кои се галвански одвоени од останатиот дел од уредот. Аналогните влезни канали се наменети за мерење на влезните големини. Тие работат со унифициран струен сигнал од 4–20 mA или отпорен термометар директно поврзан преку коло со четири жици. Типот на влезните канали се одредува на барање.
Дискретните влезови имаат внатрешно напојување и заеднички минус за поврзување на излези од типот „отворен колектор“ или „сув контакт“. Уредот има два дискретни излезни канали. Секој од нив може да се користи за вклучување на надворешен електромеханички бројач. Двата излези се галвански одвоени од останатиот дел од уредпт и еден од друг.
А електромеханичките бројачи со кои е опремен калкулаторот се два. Секој од нив може да се напојува со импулси што одговараат на волуменската, масовната или енергетската потрошувачката на енергија со различни фактори на тежина избрани од корисникот при конфигурирањето на уредот.
Техничка спецификација на калкулатор за термална енергија CF600W:
- Механичка класа: М2;
- Класа на околината C: 5 ºС до 55 ºС;
- Електромагнетна класа: E2;
- Степен на заштита: IP 65.
Опсези на мерење:
- Мерните опсези се одредуваат при конфигурацијата на уредот;
- Максималните вредности на моменталната потрошувачка се 999 999 во опсегот избран при конфигурацијата;
- Максимална вредност на топлинската моќност: Ps = 120.000 kW;
- Количеството податоци што процесорот може да ги обработи по такт на електронските бројачи во опсегот избран при конфигурацијата, соодветно:
-Интегрирани трошоци за периоди (час, смена, ден, месец): 9.999.999.999;
-Вкупни интегрирани трошоци: 99.999.999.999,9;
- Количеството податоци што процесорот може да ги обработи по такт на бројачот за изработени часови: 999 999 часа и 59 минути.
Напојување, димензии и услови за работа:
- Напојувањето е од монофазна мрежа со нула 90-264V/47-63Hz (максимална потрошувачка на енергија 60VA) и 11-30 V DC.
- Вкупните димензии се: 213x180x100 mm и тежината е 1 kg.
Унисист Инженеринг ДООЕЛ
Адреса: Софија, Бугарија, п.к. 1582 населба Дружба, бул „Цветан Лазаров“ 144
Телефон: 00359 2 886 12 03, 00359 2 886 32 37; 00359 2 886 05 62
E-mail: office@unisyst.bg
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Унисист Инженеринг, pixabay.com