Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Инженеринг ЕАД е изведувач на електричниот дел на фабриката на Биовет во Пештера

06 january 2023

In Bulgarian   In Serbian

 

„Ние сме вашиот електричен свет“ е пораката на групацијата од компании Филкаб со над 23 години историја. Затворањето на циклусот на трговија, производство и изведба на објекти ја прави бизнис асоцијацијата омилен партнер на европски инвеститори, а Инженеринг ЕАД  е компанија со најголем тим во составот на групацијата. Денеска ќе ви претставиме една од иконите на компанијата од стратешко значење во економијата на Јужна Бугарија - фабриката на Биовет во град Пештера. Учеството на компанијата во нејзината изградба ги потврдува нејзините можности, заедно со реализацијата на други значајни проекти како што се изведбата на електрично монтажни и градежни работи на 6-Кориснички енергетски центар Стамболијски, електричен дел за деловна зграда Адора Бизнис Центар, комплетна електрична изградба и електрична опрема на нова фабрика во Божуриште на Мултивак Бугарија Продакшан ДООЕЛ.

 

 

„Фабриката на Биовет во Пештера, изградена со учество на Инженеринг ЕАД за електротехничкиот дел, официјално беше отворена во 2019 година. Намената е за производство на фармацевтски производи и сточна храна, а инвестицијата надминува 300 милиони лева. Од нив, 40 милиони лева се инвестирани во еколошката безбедност на производственото претпријатие. Инвеститорот на проектот, Биовет АД, водечки европски производител на адитиви за сточна храна, премикси, активни супстанции и готови медикаменти за лекување, превенција и подобрување на здравјето и продуктивноста на животните, му се доверува на Инженеринг ЕАД со индивидуален договор. Главниот акционер во Биовет Хјувефарма обезбедува финансирање на фабриката во Пештера според планот „Јункер“, а процесот на изградба се остварува за краток временски период“, објаснија од Инженеринг ЕАД.

 

Во рамките на овој проект, заложбата на Инженеринг ЕАД вклучува набавка на кабли за среден и висок напон, производство на енергетски табли и поставување на нисконапонски енергетски кабли. Компанијата беше претпочитана поради нејзиното разновидно и долгогодишно искуство во оваа област, а една од воспоставените насоки во нејзината дејност - производството на различни видови електрични табли е од големо значење за овој проект.

 

 

„Нашето производство е широко користено во дистрибутивните станици и трансформаторските станици, кога е потребна компензација на реактивна моќност, за далечинско управување, во изградба и работа на фотоволтаични централи, во бродоградба, како и за управување на мотори. Нашите разводни табли се наменети за дистрибуција на нисконапонска електрична енергија во јавни, индустриски и станбени згради. Во согласност со потребите на конкретниот проект се користат фабрички кутии или ормари од метал, пластика или полиестер, кои се склопуваат, опремуваат и ожичуваат со преклопна и заштитна опрема“, објаснија од компанијата.

 

„Ние умееме да проектираме “, категорични се од Инженеринг ЕАД, продолжувајќи: „Тоа го правиме со разбирање дека овој процес е од клучна важност за успехот на секој инженеринг проект“.

 

Филкаб  централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92

Телефон: 00359 32 277 171; 00359 32 608 881

E-mail: office@filkab.com

 

МаккаБ ДООЕЛ

Адреса: Македонија, Визбегово, Јадранска Магистрала бр. 59

Телефон: 00359 2 3233727; моб. 00359 72 310300; 00359 71 347133 

E-mail: office@makkab.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Инженеринг ЕАД, Филкаб

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »