Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Инж. Христо Гилиштаров, управител на ФАНУК Бугарија: „Сервисната услуга е камен - темелник во нашата активност“

03 july 2018

In Bulgarian

 

Во ера во која роботите имаат се поголема улога во индустриското производство, а и во нашиот секојдневен живот, ќе ви понудиме разговор со лицето кај нас на компанијата - лидер во индустриската роботизација во светот. Инж. Христо Гилиштаров, управител на ФАНУК Бугарија ДООЕЛ, ги коментира трендовите во производство на роботи и местото на FANUC во бугарската индустриска историја и сегашност. Во следните редови ќе дознаете повеќе за тоа како се прават индустриски роботи во Јапонија и што ја одликува компанијата во конкурентниот свет на високите технологии.

 

Господин Гилиштаров, FANUC е светска марка, но малку луѓе знаат дека кај нас компанијата имала производствена база. Раскажете ни повеќе за историјата на FANUC во Бугарија?

 

FANUC стапнал во Бугарија уште во 1981 година, и тука е една од првите канцеларии, отворени од компанијата во Европа.

 

Првично, започна лиценцирано производство на погони и мотори. Следи локално производство на лиценцирани ЦНЦ на FANUC. При нивното производство биле користени делови и компоненти испорачани од FANUC Јапонија, а во Бугарија се извршувало конечното составување.

 

Во 1983 година по лиценца на FANUC е отворена фабриката за производство на линеарни роботи „Берое“ Стара Загора. За периодот во кој функционирала, таа била симбол на бугарската изградба на роботи. Се очекувало дека планираното производство ќе достигне 2000 роботи месечно.

 

За годините на својата активност во Бугарија FANUC овозможува голем број машински инженери да натрупаат непроценливо искуство и да го применуваат при создавање на конкурентни технички решенија и производи.

 

Каде се наоѓа ФАНУК Бугарија денес?

 

Денес бугарското друштво одговара за активностите на FANUC во Бугарија, Грција, Македонија, Албанија и Кипар. За овие држави ги нудиме сите производни групи на FANUC, како ЦПУ, извори на ласери - CO2 и оптички, роботи, роботски машини  мал вертикален обработувачки центар ROBODRILL, машина за ерозивна обработка ROBOCUT и целосно електрично управувана шприц машина ROBOSHOT.

 

Стремежот на ФАНУК Бугарија е секогаш да биде максимално блиску до своите клиенти и преку своите производи да им помага да создаваат оптимални решенија за автоматизација во индустријата.

 

Покрај тоа, за сите наши производи нудиме висококвалификуван гарантен и после гарантен сервис.

 

Колку се важни сервисните услуги во целосната активност на ФАНУК Бугарија?

 

Гарантната и после гарантната услуга за нашите клиенти е камен - темелник во нашите активности. Ние се гордееме со уникатен сервис кој нуди услуга „до крај на животот“ со резервни делови и сервис на нашите дигитално - програмски управувачи, роботи и роботски машини.

 

Се обврзуваме во рамките на 24 часа од приемот на барањето да ги обезбедиме потребните резервни делови и наш инженер да биде на местото каде настанал проблемот.

 

Нашите клиенти можат да бидат сигурни дека користејќи производи на FANUC, тие ќе се сервисираат на ист начин, каде и да се наоѓаат во светот. Ова е исклучително важно кога се повеќе и повеќе бугарски компании се ориентирани кон извоз. Со висок квалитет на сервисните услуги и брзата реакција, на нашите клиенти им ја гарантираме сигурноста дека најблиската канцеларија на FANUC ќе им пружи помош, без разлика во која земја се наоѓа нивната опрема.

 

Со што FANUC најсилно се одликува во светот на роботиката?

 

Компанијата има уникатна структура изградена околу нејзината развојна единица - производните лаборатории. За секоја група на производи одговараат најмалку 10 лаборатории кои оперативно ги решаваат настанати оперативни проблеми и разработуваат производи со насоченост од 10 години напред во времето.

 

Во централата на FANUC во Јапонија една третина од сите вработени се ангажиранисо развојна активност. Нашите лаборатории се наоѓаат во непосредна близина на самото производство, што дава можност времето меѓу развојната активност и вистинското производство да биде максимално скратено. Благодарение на оваа многу тесна синергија помеѓу лабораториите и производството FANUC го постигнува легендарниот квалитет, на што се потпираат нашите клиенти и партнери.

 

Како компанијата успева да одговори на постојано зголемените барања на клиентите?

 

Индустриските роботи на FANUC се имплементираат во роботски решенија од нашите клучни партнери - системски интегратори. Тоа се инженерски компании со значително искуство во автоматизацијата и роботиката. На база барањата на крајниот клиент, системските интегратори на FANUC проектираат и градат индивидуално роботизирано решение.

 

FANUC има различни видови на индустриски роботи прилагодени на  специфики на конкретна примена како палетизирање, заварување, бојадисување и друго. Исклучително широкиот спектар на роботи им овозможува на нашите системски интегратори да го изберат најсоодветниот робот за конкретното решение. Нивната носивост е од 1 кг до импресивни 2300 кг. Достапноста на овој широк опсег не е цел сама за себе, туку можност што FANUC им ја дава на своите клиенти, за да можат да го избере најсоодветниот робот за конкретната примена.

 

Сите наши производи се произведуваат исклучиво и само во производствените единици на FANUC во Јапонија.

 

Централна канцеларија за Југоисточна Европа

Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД

Телефон: 00359 2 963 33 19, 00359 2 963 32 86

E-mail: service.bg@fanuc.eu

 

 

Извор на фото материјал: ФАНУК Бугарија ДООЕЛ

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »