Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Инж. Тодор Буров: За Магна Пауартрејн користењето на сервис од ФАНУК Бугарија значи помалку проблеми

16 april 2019

In Bulgarian

 

Што се случува кога ќе се расипе машина во фабрика на меѓународен производител на автомобилски компоненти? Која е улогата на сервисниот инженер и колку неговата работа влијае врз целокупниот производствен процес? Коментар на оваа тема пред BalkanEngineer.com направи инж. Тодор Буров, раководител на оддел „Одржување“ во Магна Пауартрејн Пловдив. Три машини Robodrill D21LiA5 на FANUC се меѓу најновите инвестиции во производствената опрема на фабриката, а во првиот дел на нашиот разговор со инж. Буров дознавме детално какви се нивните карактеристики и за што се користат. А зошто сервисните инженери од ФАНУК Бугарија ДООЕЛ се префериран избор дознавме директно „од кујната“.

 

 

Господин Буров, раскажете ни повеќе за Вашите впечатоци од сервисните услуги на ФАНУК Бугарија?

 

Сервисните инженери на ФАНУК Бугарија одлично ја познаваат опремата. Брзо го разјаснуваат појавениот проблем и адекватно го решаваат. Тие се ефикасни и не губат време и ресурси.

 

За кои активности ги користите сервисните услуги на FANUC?

 

Потребна ни е помош, главно, при планирањето и поправката на комплексни механички склопови кога има специфичен проблем, непознат за нас. Кога тоа ќе се случи, ние сме спокојни дека соодветниот инженер ќе ја анализира ситуацијата и ќе го изврши сервисот на најдобар можен начин.

 

Можете ли да го наведете времето на реакција на сервисот на FANUC?

 

Обично сервисните инженери успеваат да реагираат во рок од 24 часа.

 

Дали сте задоволни од достапноста и квалитетот на резервните делови на FANUC?

 

Да, се разбира. Еден од неспорните позитиви на FANUC спрема други производители е дека сите резервни делови се достапни, додека определена машина е во употреба. Кај нас постои техника на повеќе од 10 години, при што не сретнуваме особени тешкотии со испораката на резервни делови.

 

 

Една од услугите што ги нуди ФАНУК Бугарија е телефонска консултација. Дали сте ја користеле од оваа можност?

 

Да, и во овој случај уживам во навремена и соодветна реакција. Советите кои јас и моите колеги ги добиваме се во правилна насока и навистина ни се од корист.

 

Дали повторно би му се довериле на брендот FANUC и сервисните услуги на ФАНУК Бугарија?

 

Со оглед на квалитетот на опремата, како и присуството на сервис во Бугарија и неговата конкурентна цена на пазарот – да, би му се доверил повторно на брендот.

 

Исто така можам да констатирам дека ако некоја машина произведена од FANUC се експлоатира правилно, потребата од интервенција на сервисен инженер би била не повеќе од еднаш годишно.

 

Во резиме на нашиот разговор – што е FANUC за Вас?

 

FANUC значи партнер од светска класа!

 

Централна канцеларија за Југоисточна Европа

Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД

Телефон: 00359 2 963 33 19, 00359 2 963 32 86

E-mail: service.bg@fanuc.eu

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фото материјал: Инженер.bg

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »