In Bulgarian
Кои се тајните на ефикасното работење во одделот за техничко одржување во фабрика на меѓународно признат производител? Што се крие зад квалитетната опрема и високата продуктивност? Одговор на овие прашања за BalkanEngineer.com даде инженер Тодор Буров, раководител на оддел „Одржување“ во Магна Пауартрејн Пловдив. Од 2012 година во фабриката се користат три машини Robodrill D21LiA5 машини од светски докажаниот производител FANUC. Влеговме зад сцената на автомобилската индустрија за да дознаеме какви се предностите на јапонските машини.
Г-дин Буров, ќе раскажете ли за активноста на MAGNA во Бугарија.
МАГНА Пауартрејн е дел од семејството на MAGNA, која е технолошка компанија во сферата на мобилноста и еден од најголемите добавувачи за автомобилската индустрија во светот. Во фабриката на МАГНА Пауартрејн во близина на Пловдив, Бугарија, се произведуваат и се составуваат компоненти за хидраулични и вакуумски пумпи, како и куќишта за диференцијали. Главен дел од волуменот на машинската обработка се челични ротори и алуминиумски куќишта.
Дел од имплементираната опрема во фабриката е производство на FANUC. Објаснете ни што се произведува со неа.
Да, до денес во фабриката работат вкупно три машини Robodrill D21LiA5. Со нив произведуваме алуминиумски куќишта за вакуумски пумпи.
Покрај тоа, пред околу три месеци, префрливме робот LR Mate 100i од друга фабрика на MAGNA кој се користи во станица за претходна монтажа. Исто така имаме 10 машини MAКINO кои работат со постара генерација управување на FANUC.
При активност со меѓународни димензии како што е производството во MAGNA, квалитетот е од најголема важност. Што ги разликува машините на Robodrill на FANUC? Кои се нивните главни карактеристики?
За нас, главната предност на модифицираниот Robodrill D21LiA5 е дека деталите можат да се обработуваат истовремено по 5 оски. Во исто време, исто така е можно да се комбинираат и операции за дупчење и фрезување што е потребно во конкретниот случај. Освен тоа тие се компактни и удобни за работа.
Од исклучива важност за нас е и фактот дека роботските машини на FANUC ни ја обезбедуваат потребната прецизност.
Друг „плус“ на Robodrill, според мое мислење, е вретеното со голем број на вртежи и брзо менување на алатите. Така, ние успеавме да ги исполниме барањата на клиентот за квалитетот на обработуваните површини, како и времето потребно за обработка.
Која е продуктивноста на Robodrill D21LiA5?
Во моментов трите машини работат во режим на три смени по пет или шест дена во неделата. Секоја од нив произведува повеќе од 800 детали за деноноќие. Ако било која од нив е во дефект тоа за нас значи големи загуби во продуктивноста и тогаш е исклучително важно да можеме да сметаме на брз и компетентен сервис од страна на FANUC.
Повеќе за сервисните услуги на ФАНУК Бугарија ДООЕЛ очекувајте во продолжението на нашиот разговор со инженер Буров. Наскоро во BalkanEngineer.com!
Централна канцеларија за Југоисточна Европа
Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД
Телефон: 00359 2 963 33 19, 00359 2 963 32 86
E-mail: service.bg@fanuc.eu
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Инженер.bg