Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Инвестирајте во одржливата и зелена иднина со станиците за полнење на електрични возила eCS-AC-L1 EV на Т и Д Инженеринг

24 may 2024

In Bulgarian  In Serbian In Romanian

 

Електричната мобилност се повеќе го „држи“ клучот за одржлива градска инфраструктура, поповолните услови за живот во населените места и позитивниот развој на борбата против климатските промени. Движени од моќен електричен импулс, сите видови електрични возила како автомобили, автобуси, камиони, железнички возила, бродови, фериботи и други поморски пловни објекти ја дефинираат моќта на е-мобилноста во транзицијата кон позелена и поодржлива иднина.

 

 

Целосно поддржувајќи ја идејата за електрифицирање на јавниот и приватниот транспорт на море и на копно во насока на глобална декарбонизација, водечката инженеринг компанија во областа на енергетиката, автоматизацијата и електрониката Т и Д Инженеринг нуди широк сет на интелигентни решенија за полнење на електрични возила. Меѓу нив се станици за полнење со наизменична струја, мобилни станици за полнење, комбинирани станици за полнење, полначи за паркинг зони, електрични кабинети, фронт-енд модули и стилски дизајнерски модели.

 

Моделите за наизменична струја eCS-AC-L1 и eCS-AC-L1 Basic  станици за полнење со марка T&D се нудат во три варијанти – за ѕидна монтажа, за инсталација на држач и во конфигурација со две лица грб кон грб.

 

Технички карактеристики на станицата за полнење со наизменична струја eCS-AC-L1:

-Број на симултани сесии за полнење: 1 (2);

-Број на излезни точки за полнење (приклучоци): 1 (2);

-Максимална излезна моќност на станицата: 22 kW (44 kW);

-Максимална излезна моќност на конектор: 22 kW;

-Тип на полнење: AC, IEC 61 851 Mode 3;

-Конструкција: Монтирана на ѕид и на сопствен држач;

-Време на полнење на 150 kWh батерија @80%: 380 мин.

-Влезен напон: 380 V AC, 3-фазен, 32 A, 50 Hz; 480 V AC, 3-фазен, 32 A, 60 Hz;

-Максимална излезна моќност: 22 kW;

-Излезен напон: Според напонот на влезот;

-Максимална врвна излезна струја: 32 А;

-Ефективност: >99%;

-Фактор на моќноста: 0,99;

-Хармоники: iTHD < 5%;

-Ладење: Воздушно без вентилатор;

-LAN: 10/100 base T;

-WAN / Neuron Network Communication: 4G LTE, 3G GSM;

-Сервисирање и поддршка: Далечинско следење на системот, дијагностика и проактивна поддршка;

-Степен на безбедност: IP 55;

-Степен на заштита од удар: IK10;;

-Галвански изолиран и обезбеден: Да;

-Температура на складирање: -40°C до 55°C;

-Работна температура: -35°C до 55°C;

-Работна надморска височина: < 3000 m;

-Работна влажност: до 95% на 50°C без кондензација;

-Smart Grid функции: Целосно автоматизирано работење. Комуницира и пренесува податоци. Самостојна дијагностика.

-Контрола преку eCS-cloud Assure софтверот;

-Работење во целосно автоматизиран режим: Да;

-Динамичко управување со моќноста: Работа при фиксна моќност или динамична промена на моќноста;

-Далечинско управување од корисникот: Читање на податоци и управување на полнење од корисници.

 

 

Адреса: Бугарија, град Варна 9010, ул. „Перуника“ 46

Телефон: +359 52 312 100 

Тел./Факс:+359 52 312 658 

 E-mail: office@tid-engineering.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Т и Д Инженеринг, canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »