In Albanian In Bulgarian In Serbian
Пловдив на улица „Коматевско Шосе“ бр. 92, беше посетена од Siemens Бугарија, Оддел „Дигитални индустрии“. Повод за посетата беше иницијативата „Innovation Days & PROFINET Truck 2023“, организирана од германската технолошка групација. „Innovation Days & PROFINET Truck 2023“ е двонеделна тура која се одржа во периодот од 29 мај до 8 јуни 2023 година. За време на обиколката беа посетени 7 бугарски градови - Софија, Пловдив, Стара Загора, Варна, Шумен, Габрово и Русе. Среќни сме што имавме задоволство да бидеме сведоци на изложбата „на тркала“ посветена на дигиталната трансформација што ја подготвија нашите партнери во Siemens“, коментираа од водечката трговска компанија. Продолжете со читање за да дознаете што друго има да раскаже нејзиниот тим.
За време на „Innovation Days & PROFINET Truck 2023“, нашите партнери од одделот „Дигитални индустрии“ на Siemens Бугарија презентираа новини во автоматизацијата, дигитализацијата на процеси и производства, сајбер безбедноста, индустриското поврзување, како и решенијата за енергетски менаџмент. Специјалистите подготвија возбудливи презентации и демонстрации на современи иновации и решенија базирани на TIA (Totally Integrated Automation- целосно интегрирана авроматизација)* во областа на индустриската автоматизација и т.н. motion control **“, раскажаа од тимот на Филкаб.
„Демонстративниот камион PROFINET*** Truck 2023 предизвика огромен интерес кај нашите специјалисти. Тој беше опремен со најновите модели на опрема: SIMATIC – серија програмибилни логички контролери и системи за автоматизација; SCALANCE - мрежни компоненти кои ја формираат основата на комуникациските мрежи во производството и автоматизацијата на процесите, како и SINAMICS - погони со променлива фреквенција за управување на синхрони или асинхрони мотори, претставени претходно оваа година на најголемиот европски индустриски форум Hannover Messe “, додадоа од трговската компанија.
Иницијативата на Siemens Бугарија, Оддел „Дигитални индустрии“, имаше за цел да ги запознае бизнисите со најсовремените технички решенија за дигитализација. Професионалците и заинтересираните посетители имаа можност самите да се уверат во можностите на уникатниот индустриски е Ethernet стандарт PROFINET,, како и на оние на OPC UA и „Turbo“ TSN (Time-Sensitive Networking).
Филкаб – централна канцеларија:
Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92
Телефон: +359 32 277 171; +359 32 608 881
E-mail: office@filkab.com
МаккаБ ДООЕЛ
Адреса: Македонија, Визбегово, Јадранска Магистрала бр. 59
Телефон: +72 31 0300; +71 34 7133
E-mail: office@makkab.mk
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: МаккаБ (Filkab), Siemens