Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Експертизата и искуството на Инженеринг ЕАД се во основата на довербата во компанијата во изведбата на објекти од енергетската

24 april 2023

In Bulgarian  In Serbian

 

„Градежниот сектор е директно поврзан со здравјето и безбедноста на луѓето, затоа бугарското законодавство со право поставува сериозни барања за компаниите кои градат објекти од областа на енергетската инфраструктура“, коментираа од Инженеринг ЕАД. Компанијата, дел од групацијата на компании на Филкаб АД, име со најброен персонал во рамките на Филкаб. Компанијата Инженеринг ЕАД е специјализирана за изведба на целосен спектар на технички услуги наменети за објекти од енергетската инфраструктура.

 

 

„Нашата компанија поседува сертификати за работа од прва до петта категорија во рамките на трета група – градби од енергетска инфраструктура. Имаме и сертификати за прва група на високоградба и нејзината соодветна инфраструктура. Квалификувани сме да изведуваме втора група на градби од транспортната инфраструктура, согласно Правилникот  за постапката за упис и одржување на Централниот професионален регистар на градежници (ППУОЦПРГ). Овие групи и категории се добиени со задоволување на многу конкретни барања создадени од законодавецот со цел да се обезбеди присуството на само квалитетни компании во наведените сектори“, објаснија од Инженеринг ЕАД.

 

„Нашата сила се наоѓа во користењето на сопствени човечки ресурси, механизација и опрема“, потенцираа од компанијата и го детализираа своето искуство во изградбата, реконструкцијата и пуштањето во употреба на:

 

- Кабелски далноводи од 0,4 kV до 110 kV;

- Надз емни далноводи од 0,4 kV до 35 kV;

- Затвoрени дистрибутивни системи од 0,4 kV до 35 kV;

- Фабрички и јавни електрични инсталации од 0,4 kV до 35 kV;

- Инсталации за осветлување во индустриски и јавни згради, тунели, патишта и други.

 

 

Не еден и два се значајните објекти од областа на енергетската инфраструктура што ја исполнуваат со конкретна содржина визит-картата на Инженеринг ЕАД. Меѓу нив е и проектот КЕЦ (Кориснички енергетски центар) Стамболијски со инвеститор ЕВН Бугарија Електроразпраделение ЕАД вреден 3.700.000 лева, во кој компанијата е главен изведувач. Суштината на работата вклучува изведба на електрични инсталација, градежни, ископувачки и обновувачки работи.

 

Инженеринг ЕАД се гордее и со реализацијата на сериозен објект како што е Когенерација Пловдив на територијата на ТЕ Север со инвеститор ЕВН Топлификација. Овде компанијата се јавува како подизведувач на делот „Електричен“, а вредноста на договорот е 489.229,56 лева без ДДВ.

 

Друг типичен енергетски проект е Трафостаница Царацово 110/20 kV со инвеститор ЕВН Бугарија Електроразпраделение ЕАД, како изведувачи се Сименс ДООЕЛ и Филкаб АД, а Инженеринг ЕАД е во улога на подизведувач за делот „Електричен“.

 

Филкаб  централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92

Телефон: +359 32 277 171; +359 32 608 881

E-mail: office@filkab.com

 

МаккаБ ДООЕЛ

Адреса: Македонија, Визбегово, Јадранска Магистрала бр. 59

Телефон: +359 2 323 3727; моб. +359 72 31 0300; +359 71 34 7133 

E-mail: office@makkab.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Инженеринг ЕАД, Филкаб, pixabay.com  

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »