Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Ден на отворени врати на АББ собра гости и пријатели кои ѕирнаа „зад сцената“ на фабриката во Раковски

04 november 2022

In Bulgarian

 

Често се случува да мислиме дека работата на човекот отспротива е полесна од нашата или дека нејзините специфики не би биле комплицирани за нас. Сепак, извршувањето на секоја задача бара професионализам и познавање на нејзините специфики. Зад вратите на секое производство стои напорна работа која често останува скриена зад финалниот производ. Со цел да открие што точно се крие меѓу ѕидовите на нејзините големи бази, АББ Бугарија беше домаќин на Ден на отворени врати во своето производство во град Раковски.

 

 

Во октомври оваа година во филијала Раковски на АББ Бугарија се одржа Ден на отворени врати. Посетителите од регионот имаа можност да се запознаат со производствените простории и производите создадени таму.

 

Тимот на компанијата ги поздрави посетителите кои покажаа интерес за производствениот процес, а специјалистите на тимот одржаа презентација со интересни информации. Гостите имаа задоволство да дознаат повеќе за можностите што ги нуди компанијата и да слушнат приказни за успешните човечки и деловни стории на компанијата во текот на годината.

 

Откако добија инструкции за правилата за безбедност од страна на специјалистите за Безбедност и здравје при работа (БЗР), посетителите на настанот беа поделени во неколку групи за да биде поефикасна нивната прошетка низ производствениот капацитет. Турите ги водеа инженери на АББ, при што за секој оддел одговараше специјалист во соодветната област. Тие раскажаа за производите, организацијата на работата и атмосферата во компанијата.

 

Гостите на филијалата Раковски имаа можност да се сретнат и разговараат со тимот за човечки ресурси на АББ, кој ги запозна со можностите за кариера и моментално слободните работни места.

 

„Работата во АББ Бугарија им дава можност на своите вработени да придонесат за поздрав и попросперитетен свет. Тимот на компанијата е посветен и фокусиран на проширување на технолошките граници за да се подобри продуктивноста, да се изградат нови деловни модели и да се најдат нови начини на работа од кои имаат корист клиентите, партнерите и општеството во целина“, додадоа уште од компанијата.

 

 

Компанијата исто така нуди можности за развој на квалитетите и на веќе докажаните професионалци и на ентузијастите кои ја започнуваат својата кариера. Програмите често се поврзани со придобивки, награди и развој кои покриваат широк опсег на понуди.

 

Од АББ Бугарија размислуваа и за средношколците и студентите кои штотуку го завршуваат своето образование. За нив, компанијата може да стане совршено место каде ќе го применат наученото во пракса и да почнат да стекнуваат искуство за кариера полна со сатисфакција. Компанијата нуди стипендии, стажантски програми, професионална обука и летни работни позиции во траење од два месеци до две години во повеќе од 100 земји.

 

Централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, Софија 1592, бул. „Витоша“ 89Б, зграда А, кат, 17 Милениум Центар Софија

Телефон: 00 359 2/807 55 00

Е-mail: office@bg.abb.com

 

Повеќе информации за АББ Блгарија ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: АББ Бугарија, АВВ

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »