Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Годишната конференција на трговскиот сектор на Теси ќе биде празник на иновациите и на следната генерација лидери

07 november 2024

In Bulgarian In Serbian  In Romanian

 

Настан кој собира на едно место искуство, иновации и амбиција насочени кон иднината на Теси - ова е годишната конференција на трговскиот сектор на водечката компанија, која традиционално се одржува наесен. Таа ќе ги обедини лидерите, професионалците и младите таленти на компанијата во една динамична средина, чиј фокус ќе биде ставен на соработката, размената на идеи и демонстрацијата на новите технолошки и производни достигнувања. „Со возбуда се подготвуваме за средбата на врвот на трговскиот сектор на Tesy, кој е важен настан за нашата компанија! Оваа дводневна средба на високо ниво ни дава можност да размислиме за нашата активност, да споделиме сознанија и да ја зајакнеме соработката меѓу тимовите, додека истовремено гледаме напред кон возбудливите можности што нè очекуваат“, соопштија за BalkanEngineer.com од Теси.

 

 

Со акцент на новите технологии и иновациите, овогодинешниот настан на Теси ќе вклучува претставување на тековните развојни планови кои Теси има намера да реализира во блиска иднина. „За време на конференцијата ќе се одржат сесии во живо од Софија, Шумен и Благоевград, каде регионалните и комерцијалните директори на компанијата ќе споделат клучни трендови и согледувања поврзани со иднината на компанијата, ќе разменуваат добри практики и примери, создавајќи нови перспективи за работа и соработка“, додадоа од компанијата.

 

За време на конференцијата, на тимот на Теси ќе му се придружат и гости - лектори, експерти од областа на технологиите за греење, вентилација и климатизација, кои ќе понудат ажурирана информација за трендовите во индустријата и ќе го споделат своето искуство на патот кон одржлива иднина.

 

Почитуваните гости - лектори, исто така, ќе ги претстават своите мислеа за прашањата на производственото совршенство и иновациите во развојот на производи.

 

 

Конференцијата ќе оддели посебно внимание на развојот на младите таленти во личноста на 5 групи талентирани студенти кои компанијата ги поканила да станат дел од семинар насочен кон претприемачките проекти на Теси.

 

Канцеларија во Софија

Адреса: Бугарија, Софија, стр.к 1766, ж.к. Парк Софија, Блок 16 V, канцеларија 2.1, 2 кат

Телефон: +359 2 902 6666 

Е-mail: office@tesy.com

 

Канцеларија во Шумен

Адреса: Бугарија, Шумен, п.к. 9700, бул.Мадара бр.48.

Телефон: +359 54 859 129 

Е-mail: office@tesy.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Теси (Tesy), ©Engineer BG via Canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »