In Bulgarian. In Romanian.
На годишната специјализирана изложба за машини, технологии и индустриска опрема МашТех 2016 година, што се одржа во Интер Експо Центар, Вени и Ko презентираа дел од широката палета на сериски произведена магацинска опрема. Посетителите имаа можност да се запознаат со вилушкари со рачно управување – за високо подигнување и ниско подигнување опремени со трансмисија што не бара сервисирање со модерен АС погонски мотор и вградена високо ефикасна електроника; Подигнувачи на висина за европалети за; Колички за магацини за олеснување на рачната работа, како и разни модификации на колички за транс палети , веќе со марка VENI.
Главен акцент во ппрезентирањето на компанијата беше разработениот Електричен вилушкар со рачно водење со капацитет на товар од 1250 килограми и висина на подигнување од 5,8 метри со вградена CAN BUS архитектура за максимално поедноставено ожичување, висока сигурност, лесна и брза дијагностика - основен модел KMS.AC 1250/5.8. Меѓу останатите експонати, на кои им беше посветено суштинско внимание беа Електричниот вилушкар со рачно водење KMS.AC 1500/5.0 со автоматска преклопна платформа за операторот; електричниот вилушкар со рачно водење – за ниско подигнување KH.BS 1600 за лесен режим на работа и неговите можности за целна примена во многу тесни простори и ходници.
За време на форумот високо квалификувани специјалисти на компанијата ги консултираа посетителите и обезбедуваа информации за можности за сите опционални опреми на Палетата произведени магацински машини со батерии со гел /без потреба од сервисирање/, Систем за овластен пристап и персонален PIN код, Систем за активна заштита од повреда на долните екстремитети на Операторот - Active Foot Gard, Систем за Радио далечински управувавање - Radio Remote Control, како и можностите на компанијата за проектирање и производство на нестандардни решенија за секој магацин.
Извор на фотографии: Вени и Ко; BalkanEngineer.com