Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Адара Инженеринг објави партнерство со перспектива за македонските клиенти

11 july 2017

In Bulgarian  In Serbian.   In Romanian.

 

Адара Инженеринг ДООЕЛ докажан снабдувач на производи и решенија во областа на вакуумските, водните и специјалните пумпи и пумпни системи за Македонија, веќе е партнер со германската компанија GEA, специјализирана за производство на машини и опрема за прехранбената, фармацевтската и други индустрии. „Ќе ја фокусираме нашата нова соработка во понудата и развојот на трговската мрежа на пумпи со марката Hilge, сопственост на GEA“, соопштија за BalkanEngineer.com од компанијата.

 

 

GEA е еден од најголемите снабдувачи на технолошки решенија за индустрии како производство на храна, млеко и млечни производи, пијалаци, фармација и хемија, бродарство и итн. „Околу 70% од масовните прехранбени и фармацевтски производи на пазарот имаат контакт со технологијата на нашиот нов партнер - GEA. Во фармацевтската индустрија фирмата е специјалист во транспорт и дозирање на течни, прашкасти и тврди материјали“, појаснија од Адара Инженеринг.

 

Во 2015 година GEA ја прошири својата палета, при што ги купи пумпите Hilge. Тоа ги зајакна нејзините позиции како снабдувач на системи за процеси во асептичка средина. „Санитарните пумпи Hilge се применуваат во процеси каде машината е во директен контакт со производот, и се проектирани во согласност со најстрогите хигиенски правила“, изјавија од Адара Инженеринг. 

 

 

„Пумпите Hilge се познати кај нас како симбол на висок квалитет. Се произведуваат од висококвалитетен нерѓосувачки челик, што ги прави исклучително погодни за употреба во прехранбената и фармацевтската индустрија“, рекоа уште експертите од компанијата.

 

„Сметаме дека нашето партнерство со фирма GEA за пумпите со бренд Hilge ќе биде плодна за нашите македонски клиенти, бидејќи имаме добра дистрибутивна мрежа, како и одлично подготвен трговски и сервисен персонал“, споделија во заклучокот од раководството на Адара Инженеринг.

 

 

Централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, гр. Софија, населба Младост 1,  бул. "Андреј Сахаров", бл. 75А, стан 2

Телефон: 00 359 2/974 40 38; 00 359 2/974 49 38

E-mail: office@adara-bg.com

 

Адреса: Република Бугарска, град Варна, булевар "Владислав Варненчик" 312, кат 4, канцеларија 3

Телефон: 00359876 330 575

E-mail: milen@adara-bg.com

 

Канцеларија Стара Загора

Телефон: 00359876 963 880 

E-mail: ivan.ivanov@adara-bg.com

 

Канцеларија Русе

Телефон: 00359876 482 500

 

Канцеларија Бургас

Телефон: 00359876 963 878

 

Канцеларија Пловдив

Адреса: Република Бугарска, град Варна, булевар "Дунав" 66

Телефон: 00359877 090 301

 

 

Извор на фотографии: Адара Инженеринг ДООЕЛ

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »