In Bulgarian In Romanian In Serbian
За време на овогодинешното издание на меѓународниот саем за опрема за преработувачката индустрија Achema GEA акцентира врз проширената палета на големи волуменски пумпи на брендот Hilge, претставена од најновиот модел - Novalobe 60. „Пумпата, нарекувана уште „нежниот гигант“ е разработена специјално за течности со висок вискозитет и содржина на големи честички, а волуменот на нејзината комора е речиси двојно зголемен“, соопштија за BalkanEngineer.com од Адара Инженеринг ДООЕЛ.
„Нежниот гигант“ има волумен на комората 2.1 литри и пумпа течности кои содржат честички со големина до 41 милиметри
Со рапавост на површините Ra ≤ 0,4 μm, моделот обезбедува можност за целосна дезинфекција и дренажа. Исто така ги исполнува барањата на EHEDG (The European Hygienic Engineering & Design Group). „Покрај хигиенската изведба, Novalobe 60 одговара и на зголемената побарувачка за поголема опрема со повисока производителност од страна на клиентите“, објаснија од Адара Инженеринг и истакнаа: „Новата серија располага со комора со зафатнина 2.1 литри и може да пумпа течности кои содржат честички со големина до 41 милиметри“.
Според зборовите на експертите од друштвото уште поважно е дека пумпата Novalobe 60 може да пумпа поголеми количини со ниска брзина. „Ова е од исклучителна важност, кога се работи со фини производи, какви што се на пример крвта, течностите со ензими и маснотии, или пак козметичките производи. Кај нив за време на пумпање протокот на емулзија не смее да се прекинува“, појаснија тие.
Палетата Novalobe се нуди со различни роторни профили во зависност од намената:
- „uni-wing“ (со една лопатка) е соодветна опција за лепливи течности кои содржат големи честички;
- „bi-wing“ (со две лопатки) е стандардниот и најраспространетиот профил;
- „multilobe“ (заоблен профил со четири лопатки) се користи при транспорт на течности со мала брзина.
Централна канцеларија
Адреса: Бугарија, гр. Софија, населба Младост 1, бул. "Андреј Сахаров", бл. 75А, стан 2
Телефон: 00 359 2/974 40 38; 00 359 2/974 49 38
E-mail: office@adara-bg.com
Адреса: Република Бугарска, град Варна, булевар "Владислав Варненчик" 312, кат 4, канцеларија 3
Телефон: 00359876 330 575
E-mail: milen@adara-bg.com
Канцеларија Стара Загора
Телефон: 00359876 963 880
E-mail: ivan.ivanov@adara-bg.com
Канцеларија Русе
Телефон: 00359876 482 500
E-mail: denis@adara-bg.com
Канцеларија Бургас
Телефон: 00359876 963 878
E-mail: aisel@adara-bg.com
Канцеларија Пловдив
Адреса: Република Бугарска, град Варна, булевар "Дунав" 66
Телефон: 00359877 090 301
E-mail: encho@adara-bg.com
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: GEA Hilge, Адара Инженеринг ДООЕЛ