Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

АББ Бугарија ги објави новите насоки и позиции во овогодинешното издание на својата програма за практикантска работа

16 june 2023

In Bulgarian

 

Иднината на младите инженери и техничари отсекогаш била меѓу главните приоритети на водечката технолошка компанија АББ Бугарија. Како дел од структурата на светскиот гигант АВВ, компанијата располага со широко портфолио на решенија во областа на снабдувањето со електрична енергија и електричното опремување, роботиката, автоматизацијата на процеси и погони, зад кои стојат сложени производствени процеси кои бараат прецизност и посветеност. Преку своите практикантски програми, АББ Бугарија им овозможува пристап на идните технички специјалисти токму до своето сложено високотехнолошко производство, во кое тие  имаат можност одблиску да се запознаат со спецификата на работата на инженерите и техничарите, да ги прошират своите теоретски и практични знаења и пред се да се ориентираат кон правилниот пат во развојот на нивната кариера. Многу неодамна, АББ Бугарија ги објави новите позиции во своите годишни програми за летна практикантска работа „Let your ABB Story Begin“, а деталите за нив ги раскажаа специјалистите од компанијата.

 

 

Веќе неколку години по ред технолошкиот лидер АББ Бугарија ја спроведува својата програма за летна практикантска работа под наслов „Let your ABB Story Begin“. Целта на иницијативата, која го отвори патот кон успешната реализација на кариера на голем број студенти од цела Бугарија, е да им обезбеди на младите специјалисти значително искуство и практична работа на реални проекти во компанијата.

 

Неодамна компанијата ги објави новите работни места во овогодинешното издание на „Let your ABB Story Begin“, за кои веќе идните практиканти можат да се пријават. Тие се на различни локации и одделенија во град Раковски и град Петрич, при што времетраењето на праксата е од 3 до 6 месеци. Таа е погодна за студенти од прва година или повисока година од технички или економски специјалност.

 

Насоките вклучени во програмата за практикантска работа на АББ Бугарија, во која оваа година студентите ќе можат да се докажат се:

 

-Електроника, мехатроника и електротехника;

-Обработка на метали;

-Автоматизација и индустриски менаџмент;

-Логистика и планирање;

-Контрола на квалитетот;

-Финансии и администрација;

-Човечки ресурси;

-Здравје и безбедност.

 

 

За практикантите АББ Бугарија обезбедува различни социјални бенефиции. Меѓу нив, покрај плаќањето за време на практикантската програма, се исто така месечни ваучери за храна, дополнително здравствено осигурување, обезбеден превоз и спортска картичка по атрактивна цена. Освен сето ова, за време на праксата, студентите ќе работат со ментор на посебна програма за развој, а исто така ќе имаат можност да изучуваат англиски јазик преку специјализиран онлајн курс.

 

Актуелните слободни работни места во програмата за практикантска работа „Let your ABB Story Begin“ можете да ги погледнете ТУКА! Аплицирајте сега!

 

Централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, Софија 1592, бул. „Витоша“ 89Б, зграда А, кат, 17 Милениум Центар Софија

Телефон: +359 2 807 5500

Е-mail: office@bg.abb.com

 

Повеќе информации за АББ Блгарија ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: canva.com, АББ Бугарија

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »