Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Wilo го зајакнува своето присуство и ги подобрува своите услуги во Југоисточна Европа преку иновативната платформа ARC

10 march 2022

In Bulgarian  In Romanian

 

Wilo Group, водечки европски производител и пионер во пумпните технологии, го најави стартот на својата нова платформа ARC за услуги во областа на пумпните системи- иницијатива, преку која компанијата ја консолидира својата позиција и значење на пазарот во Југоисточна Европа. Повеќе за новата платформа изјавија за BalkanEngineer.com од бугарската подружница на компанијата – Вило Бугарија.

 

 

„Стартот на ARC повторно ја потврдува посветеноста на Wilo за одржување на највисоките стандарди на достигнувања во секторот за пумпите и пумпните системи. Оваа важна одлука е внимателно разгледана, следејќи го уникатниот пристап на Wilo „регион по регион“, и затоа има многу значења. Под истото мото Wilo ги обединува подружниците на компанијата од Бугарија, Северна Македонија, Албанија, Република Молдавија и Романија. Дополнително, компанијата ги рационализира сите свои внатрешни процеси, при што се стреми да ја зголеми лојалноста на своите клиенти и партнери во Југоисточна Европа“, објаснија од Вило Бугарија.

 

„Wilo е визионерска компанија и стартот на платформата ARC е уште еден пример за нашата еволуција и далековидост во однос на потребите на корисниците на пумпни системи насекаде. Со оваа нова платформа, се стремиме да ја подобриме регионалната ефикасност, да ја зголемиме вкупната продуктивност, да ги намалиме трошоците и што е најважно, да понудиме подобра услуга за нашите клиенти во Југоисточна Европа. ARC длабински ја капсулира нашата цел да ги ставиме клиентите во срцето на нашиот бизнис“, истакна г-дин Димитар Марковски, генерален директор на Вило Бугарија и Вило Романија и координатор на платформата ARC.

 

Стартот на платформата ARC се реализира во контекстот на важна годишнина, бидејќи во 2022 година Wilo Group слави 150 години од своето основање, како и 24 години присуство во Романија.

 

Wilo Претставништво Скопје

Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Париска, 4

Телефон: 00359 2 3122 058

E-mail: info@wilo.com.mk

 

Лице за контакт: Валериј Војнески Дипл. маш. инж.

Телефон: 00389 070 205 297

E-mail: valerij.vojneski@wilo.com.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 Извор на фотографии: Wilo

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »