Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Wilo Group ги гради, проширува и модернизира своите продажни и производствени објекти ширум светот

28 june 2022

In Bulgarian

 

Глобалната компанија оствари рекордна продажба од 1,7 милијарди евра за финансиската 2021 година

                                                                                              

Во изминатата финансиска 2021 година, Wilo Group, еден од светските лидери во областа на опремата за пумпање, оствари рекордна продажба од речиси 1,7 милијарди евра. „И покрај предизвиците Wilo ги зголеми приходите од продажба за 13,8%. Заработката пред оданочување (EBITDA) исто така достигна рекордно високо ниво од 181,1 милиони евра, што претставува раст од над 30%. Овие резултати имаат јасна порака: Wilo Group постигнува одржлив, профитабилен раст, дури и во тешки времиња и во неповолни економски услови“, коментираа од Вило, подружница на компанијата кај нас.

 

 

„Војната во Украина и пандемијата на Корона вирусот, која трае повеќе од две години, ги интензивираа светските трендови на регионална поделба во изминатата финансиска година. Се повеќе европски компании се „фатени“ во фронтовите на геополитичките спорови. За да го надмине ова, Wilo Group го прошири своето глобално присуство со инвестирање на повеќе од 170 милиони евра во изградба, проширување и модернизација на своите трговски и производствени објекти низ светот, како и со стекнување на нови компании“, посочија уште од  компанијата.

 

Во согласност со својот пристап „регион за регион“, Wilo е присутен ширум светот, благодарение на својата глобална мрежа од повеќе од 80 производствени и трговски компании. На пример, Северна Америка стана еден од најважните пазари за продажба во последниве години, а стекнувањето на QuantumFlo, специјалист за бустер сетови и интелигентни системи за пумпање, ја зајакна позицијата на Wilo во овој регион. Покрај тоа, компанијата гради нови модерни производствени и административни згради во САД, Кина и Индија.

 

 

Во 2021 година, Wilo Group исто така доби голем број награди за својата посветеност во борбата против климатските промени. Во индустријата, компанијата Wilo се смета за еден од пионерите во заштитата на климата и има за цел да заштеди 50 милиони тони CO2 до 2025 година. „Wilo е исто така еден од лидерите во „добата на водородот“. Како дел од спроведувањето на нашата специјална водородна стратегија ќе биде отворена водородна централа во Wilopark во Дортмунд. Плановите се таа да служи како доволно за себе, децентрализирано и регенеративно решение за безбедно снабдување со енергија на компанијата“, раскажаа од Вило.

 

Wilo Претставништво Скопје

Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Париска, 4

Телефон: 00359 2 3122 058

E-mail: info@wilo.com.mk

 

Лице за контакт: Валериј Војнески Дипл. маш. инж.

Телефон: 00389 070 205 297

E-mail: valerij.vojneski@wilo.com.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 Извор на фотографии: Вило Бугарија, Wilo  

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »