In Albanian In Bulgarian
„Паметната фабрика на Wilo во Дортмунд, Германија ја освои најпрестижната производствена награда во германското говорно подрачје - „Фабрика на годината 2024“! Авангардниот производствен објект во Wilopark ги одредува новите стандарди во индустриското производство“, коментираа за BalkanEngineer.com од компанијата. Wilo, чија област на активност ги опфаќа пумпните системи и одржливите решенија за обработка на вода, користи дигитализација и автоматизација за да постигне висок степен на флексибилност во своите процеси, а поединости за наградата „паметната“ фабрика и еколошките награди на групацијата ќе прочитате во денешниот материјал.
![](/var/tinymce/2024/wilo_award_3.jpg)
„Вило“ инвестираше повеќе од 125 милиони евра во фабриката што беше отворена во 2019 година. Таа се простира на површина од околу 55.000 квадратни метри. Во неа, компанијата произведува центрифугални моноблок пумпи со сув ротор за употреба во технологии за греење и климатизација. Производството на Wilo Group е климатски неутрално како во Дортмунд, така и во сите други европски и кинески објекти на групацијата.
„Фабрика на годината“ се прифаќа како еден од најважните конкурси за репер во производствената индустрија во Европа. Се одржува од 1992 година. Во 2024 година, акцентот на натпреварот беше ставен на употребата на вештачка интелигенција (ВИ) и коботи, при што Wilo е големиот победник, следејќи ги чекорите на претходните добитници на наградата - Porsche (2023) , Rational (2022), Siemens (2021) и Volkswagen (2020). Меѓу наградените годинава се исто така и Mercedes-Benz, Fischer holding, BMW, Festool и Philips Medical Systems.
![](/var/tinymce/2024/wilo_award_1.jpg)
„Пред Wilo Smart Factory да ја освои овогодишната општа победа, нашата компанија веќе ја доби наградата „Фабрика на годината“ во категоријата „Одлична трансформација: дигитализација“ во 2022 година. Пред само неколку месеци ни беше доделена и наградата на Microsoft за паметно производство (MIMA ) во категоријата „Додадена вредност“ за адаптивна помош на работниците во Smart Factory“, објаснија од Wilo.
Wilo Претставништво Скопје
Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Париска, 4
Телефон: 00359 2 3122 058
E-mail: info@wilo.com.mk
Лице за контакт: Валериј Војнески Дипл. маш. инж.
Телефон: 00389 070 205 297
E-mail: valerij.vojneski@wilo.com.mk
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
![](/var/tinymce/2023/loga/wilo_logo.jpg)
Извор на фотографии: Wilo Претставништво Скопје, Македонија, Wilo, ©Engineer.BG via Canva