Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Wilo е партнер во спроведувањето на првиот во светот полу-децентрализиран систем за водоснабдување и канализација

22 october 2018

In Bulgarian

 

Во 2014 година, Меѓународниот разработувач на пумпни решенија Wilo зеде учество во иновативен и уникатен проект, чија цел е да даде решение на проблемите што произлегуваат од недостатокот на вода и енергија во мегаполисите. „SEMIZENTRAL е првиот полу-децентрализиран систем за водоснабдување и канализација во светот. Пилот-проектот е имплементиран во кинескиот пристанишен град Циндао, а Wilo учествува во улога на експерт за пумпни системски решенија и опрема“, соопштија за BalkanEngineer.com од Wilo Претставништво Скопје, Македонија.

 

 

Каков вид на систем за водоснабдување и канализација е SEMIZENTRAL?

 

„Конвенционалните системи за водоснабдување и канализација се строги во однос на поделбата на двата типа на услуги - испорака на вода за пиење за домаќинствата и одведување и пречистување на отпадни води. SEMIZENTRAL – напротив, нуди холистички пристап“, објаснија од Wilo Претставништво Скопје, Македонија.

 

 

Концепциски полу-централизираните системи за водоснабдување и канализација се состојат од три процесни модули:

 

I. Водите од тушеви и машини за перење (сиви води) се обработуваат и повторно се користат за перење на тоалети, на пример. Така, дневната потрошувачка на вода се намалува за речиси 1/3;

II. Водите од тоалети и кујнски мијалници (црни води) се прочистуваат и исто така е можна нивната понатамошна употреба;

II. Биолошкиот отпад и талогот од претходните два модули се пречистуваат анаеробно. Оваа фаза е всушност енергетскиот центар на системот. Добиената енергија од одделениот биогас е потполно доволна за да ги покрие потребите од електрична енергија на сите модули.

 

 

Како резултат од овие три фази системот за водоснабдување и канализација реализира меѓу 30% и 40% намалување, како на потребата од свежа вода, така и на количеството отпадни води во зоните за собирање на води“, додаваат од Wilo Претставништво Скопје, Македонија.

 

Wilo Претставништво Скопје

Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Париска, 4

Телефон: +389 02 3122 058

E-mail: info@wilo.com.mk

 

Лице за контакт: Валериј Војнески Дипл. маш. инж.

Телефон: +389 070 205 297

E-mail: valerij.vojneski@wilo.com.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјал: Wilo Претставништво Скопје, Македонија, Wilo

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »