In Bulgarian
Електронската трговија е современа индустрија која го зголемува својот пазарен удел паралелно со технолошкиот напредок. Сепак, тоа е директно поврзано со ефикасноста на магацинската логистика, а како последица неговото подобрување ќе доведе и до зголемување на сатисфакцијата на клиентите. STAMH Group, докажана меѓународна компанија за магацинска автоматизација, нуди широк спектар на автоматизирани системи за оптимизација на оперативните процеси во магацини и дистрибутивни центри. Во следните редови ќе ви раскажеме повеќе за предностите од нивната имплементација во контекстот на логистиката и нејзините трендови во 2024 година.
Одржливост – тренд кој се претвори во деловен императив
Компаниите инвестираат во енергетски ефикасни магацини, применуваат еколошки решенија за пакување и користат обновливи извори на енергија. Новите, автоматизирани машини за обвиткување со фолија се штелувани да заштедуваат и енергија и фолија за пакување до максимален степен. „Одржливите практики ја надминуваат физичката инфраструктура, при што некои компании инвестираат во електрични и хибридни возила за испорака и оптимизираат маршрути со цел намалување на емисиите за време на транспортот“, објаснија професионалците од STAMH.
Потрошувачката на енергија во рамките на интралогистичкиот транспорт во магацинот е намалена до максимум, благодарение на автоматизираните роботи и софтвер, кој ги бира најкратките маршрути и најблискиот ARM робот кој ќе ја изврши следната задача целосно автономно, без човечка интервенција.
Флексибилна автоматизација за создавање на магацинот на иднината
Автоматизацијата не е нешто ново во индустријата, но нејзината имплементација добива се поголема популарност. Сегашниот тренд не е само кон автоматизација, туку и кон создавање на автоматизиран екосистем кој може да се надополни или дури да замени друг. Одличен пример за ова се скалабилните модуларни решенија на STAMH Group. Фирмата нуди персонализирани проекти за магацинска автоматизација, базирани на разновидни системи за палетизирана и непалетизирана стока, конвеерни системи, транспортери, автономни и роботизирани системи и се што е потребно за реализација на „магацинот на иднината“, според спецификите на просторот и активноста во магацинските простории.
„Основна улога на магацинската автоматизација е да ги оптимизира процесите во логистиката и да ги намали трошоците поврзани со материјали, работна сила и други важни ресурси. Автоматизацијата продолжува да биде движечка сила во решавањето на проблемите со недостигот на работна сила во магацините и овозможува справување со зголемената побарувачка од страна на клиентите на електронската трговија - особено во периоди на шпицови кога треба да се подложуваат многу барања до магацинот, истовремено“, информираа од меѓународната компанија.
Адресa: Обиколница и ул. Јордан Бакалов - Стубел 31, 1404 Софија, Бугарија
Телефон: +359 88 922 3117
Е-mail: office@stamh.com
Повеќе информации за Стам Лтд ДОО слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: STAMH, STAMH Group