Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

STAMH Group: Инсталиравме персонализиран e-commerce Gangway магацински систем во дистрибутивен центар во Атина

07 july 2024

In Bulgarian

 

STAMH Group, заедно со STAMH Hellas, реализираа уште еден успешен проект за проектирање, снабдување и инсталирање на преоден магацински систем Gangway во дистрибутивниот центар во близина на град Атина, Грција, на меѓународната 3PL и логистичка компанија SARMED. Лидерот во секторот на договорната логистика (целосна или делумна изведба на логистичките процеси од надворешна фирма) ги проширува своите активности со нова бизнис единица за електронска трговија. За да се обезбеди успех во бизнисот, логистиката во e-commerce магацините треба да се одликуваат со многу добра организација, брзо подигање на производите, како и брзо реализирање на нарачките и подготовка на пратките за испраќање. За нивното постигнување е потребно персонализирано проектирање на магацинскиот систем, приспособен на конкретните барања - специфики на просторијата, вид на стоката и оптимизација на интралогистичките процеси. А оптимизацијата на магацинските простори и приспособливоста на системите се меѓу главните предности на решенијата на STAMH.

 

 

Професионалците од меѓународната компанија за магацинска автоматизација и системи од сталажи конфигурираа сталажен систем од тип Gagway наменет да обезбеди брз пристап до секој артикл, а за таа цел тој е прилагоден на конкретните потреби и специфики на просториите. Имплементираниот систем за микро-бирање оптимално го користи достапниот простор за складирање. Волуменот на дистрибутивниот центар е максимално искористен во висина – создадени се вкупно 4 нивоа со над 9000 квадратни метри корисен магацински простор. „Сталажниот систем Gagway е опремен со гравитациски транспортен модул кој ги поврзува различните нивоа во центарот за исполнување на нарачки со зоните за испорака и пакување. Секој кат е опремен со централен коридор и со повеќе работни премини помеѓу полиците. Магацинскиот систем е на вкупно 4 нивоа, од кои на секое има платформи за примање на палетизирана стока“, објаснија од тимот на STAMH за BalkanEngineer.com.

 

Сталажните системи Gangway овозможуваат складирање на стоки на различни нивоа, со што се користи дополнителен простор од магацинскиот простор. Пристапот до секој од катовите е овозможен со скали што се монтирани на местата определени со проектот. Меѓу предностите на овој тип магацински системи се одличната адаптација кон спецификите на магацинските простории, како и можноста за чекор-по-чекор надградба и склопување на различни конфигурации. Тие се наменети за магацини со претежно непалетизирана стока, а гарантираниот брз пристап, безбедност и удобност го претвораат Gangway во одлично решение за e-commerce секторот.

 

 

Персонализираниот магацински систем изграден од експертите на STAMH овозможува непречено проширување на активноста на SARMED и успешен развој на компанијата во областа на електронската трговија.

 

Адресa: Обиколница и ул. Јордан Бакалов - Стубел 31, 1404 Софија, Бугарија

Телефон: +359 88 922 3117 

Е-mail: office@stamh.com 

  

Повеќе информации за Стам Лтд ДОО слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: STAMH Group

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 14 july 2024Лазатек: Успешно завршивме проект за испорака и пуштање во употреба на машина за глодање за запчаници CNC HERA-200S

    „Среќни сме да соопштиме дека во месец мај оваа година успешно ја завршивме имплементацијата на машината за глодање на запчаници HERA-200S на Yunil Machine во бугарската компанија Подем Габрово ЕООД.. Испораката е според проектот „Технолошка модернизација во претпријатието“, кој е финансиран во рамките на Програмата за економска трансформација кон Националниот план за обновување и одржливост. Машината пуштена во употреба ќе даде можност за зголемување и реализација на производството на нашиот клиент“, соопштија за успешната реализација од добро етаблираната компанија Лазатек.

  • 12 july 2024Преку иновативна функција, решението за коло за мешање Grundfos MIXIT може да го управува изворот на греење или ладење

    „Комплетното решение за коло за мешање во системите за греење, вентилација и климатизација MIXIT на Grundfos сега има уште една иновативна функција што му овозможува директно да го управува изворот на топлина или ладење, со што се создава дополнителна заштеда на енергија“, соопштија за BalkanEngineer.com од компанијата. Ова се реализира преку аналогниот излез на уредот или преку интерфејсот на шината на контролниот блок. На овој начин, колото за мешање се снабдува со оптимална температура и се редуцираат непотребните загуби на енергија поради превисоки или прениски температури.

  • 10 july 2024Контролерите PLC-200 на Унисист Инженеринг обезбедуваат веб-базиран мониторинг и управување на производствените процеси

    Серијата програмабилни логички контролери PLC-200 на водечката бугарска производствена, инженеринг и трговска фирма Унисист Инженеринг се специјално разработени како за индустриски, така и за домашни потреби. „Тие обезбедуваат прецизно мерење, мониторинг и контрола на процесни големини на лесен за програмирање начин. Преку Wi-Fi конекција тие обезбедуваат можност за веб-базирано програмирање и мониторинг на измерените и пресметаните големини (100 виртуелни позиции)“, информираа за BalkanEngineer.cот од компанијата.

  • 10 july 2024Мултиинженеринг разработи конвеер со метални не'рѓосувачки транспортни ленти за производството на органски производи

    Смарт Органик е еден од најголемите европски производители на органски производи. Компанијата произведува иновативни прехранбени производи со главен стремеж тие да останат што е можно најблиску до нивната природна состојба, придонесувајќи за поодржлив и здрав начин на живот. Една од најновите иновации во претпријатието, која помага за понатамошен развој на неговата производствена активност, е конвеер со метални не'рѓосувачки транспортни ленти, реализиран од Мултиинженеринг.

  • 07 july 2024STAMH Group: Инсталиравме персонализиран e-commerce Gangway магацински систем во дистрибутивен центар во Атина

    STAMH Group, заедно со STAMH Hellas, реализираа уште еден успешен проект за проектирање, снабдување и инсталирање на преоден магацински систем Gangway во дистрибутивниот центар во близина на град Атина, Грција, на меѓународната 3PL и логистичка компанија SARMED. Лидерот во секторот на договорната логистика (целосна или делумна изведба на логистичките процеси од надворешна фирма) ги проширува своите активности со нова бизнис единица за електронска трговија. За да се обезбеди успех во бизнисот, логистиката во e-commerce магацините треба да се одликуваат со многу добра организација.

  • 07 july 2024Приемникот DigiPHONE+2 на Megger овозможува лесно и прецизно акустично и електромагнетско пронаоѓање на кабелски дефекти

    Приемникот за акустични бранови за акустично и електромагнетно лоцирање digiPHONE+2 на Megger комбинира различни методи за ефикасно потиснување на бучавата во заднина, обезбедувајќи максимален и одличен акустичен сигнал кој го содржи само шумот од дефектот. „Уредот поседува највисок степен на отпорност на странична бучава, филтрирајќи ја автоматски. digiPHONE+2 ги синхронизира сите параметри без потреба од дополнителна калибрација, нудејќи лесна употреба и брзо решавање на појавените проблеми“, соопштија за BalkanEngineer.com од компанијата.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 04 july 2024Северна Македонија ќе инвестира во нов ветерен парк со капацитет од 1 TWh електрична енергија годишно

    Северна Македонија започнува импресивен енергетски проект со изградбата на голем ветерен парк кој ќе биде стратешки сместен помеѓу Карбинци, Штип и Радовиш, дозна BalkanEngineer.com од BalkanGreenNews.com. Инвестицијата беше најавена за време на 7-от Македонски енергетски форум (MEF). Се очекува ветерниот парк да произведува околу 1 TWh електрична енергија годишно, што ќе претставува приближно 20% од вкупното производство на електрична енергија во Северна Македонија. Ова го прави основен проект во напорите на земјата да ги диверзифицира своите енергетски извори и да ја подобри нејзината одржливост.

  • 02 july 2024Романската OMV Petrom инвестира 750 милиони евра во производство на одржливи горива и зелен водород

    OMV Petrom – една од најголемите романски нафтени и гасни групации најави дека планира да инвестира околу 750 милиони евра во изградбата на неколку фабрики за одржливи горива во нејзината рафинерија Petrobrazi, сместенаа во близина на јужниот град Плоешти, дозна BalkanEngineer.com од Capital.bg. Ова ја вклучува изградбата на фабрика за производство на одржливи воздухопловни горива (SAF) и обновлив дизел, како и две фабрики за производство на зелен водород. Погонот за производство на SAF и обновлив дизел ќе бара инвестиција од 560 милиони евра, при што новиот објект ќе му овозможи на OMV Petrom да испорачува околу 250 килотони биогорива годишно, почнувајќи од 2028 година.

  • 28 june 2024Романскиот дистрибутер на електрична енергија и природен гас Delgaz Grid ќе модернизира 44 трафостаници

    Романскиот дистрибутер на електрична енергија и природен гас Delgaz Grid, подружница на германската компанија E.ON, ги објави своите планови за ремонт на 44 трафостаници во шест североисточни окрузи на земјата, дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. Обемниот проект, проценет на 1,5 милијарди леи (301,4 милиони евра), се очекува да биде завршен до 2030 година, при што ќе ги опфаќа окрузите Бакау, Ботошани, Јаши, Неамц, Сучеава и Васлуи. Планираните активности се фокусирани кон подобрување на опремата за среден и висок напон, надградба на контролни и мерни кола и зголемување на капацитетот на станиците со инсталирање на 70 енергетски трансформатори. Освен тоа, проектот вклучува интеграција и надградба на SCADA системи и инсталирање на фотонапонски панели.

  • 26 june 2024Канадски бизнис експерти ќе советуваат компании од Северна Македонија во рамките на специјална програма

    Македонија 2025, непрофитна организација фокусирана на економскиот и лидерскиот развој на приватните бизниси во земјата, се здружи со канадскиот давател на услуги Catalyste+ (поранешен CESO). Целта на партнерството е реализација на програма за консалтинг на претприемачи, дозна BalkanEngineer.com од Denar.mk. Експертите од Catalyste+ ќе обезбедат персонализирани насоки на компании во Северна Македонија, обрнувајќи внимание на нивните специфични предизвици и потреби за одржлив раст.

  • 24 june 2024Турска компанија гради фабрика за фотонапонски компоненти во Индустриска зона „Еленино“ во Стара Загора, Бугарија

    Голема турска компанија за производство на фотонапонски компоненти ќе инвестира меѓу 150 и 200 милиони лева во создавањето на ново претпријатие во Индустриска зона „Еленино“, Стара Загора, Бугарија, дозна BalkanEngineer.com од Dividend.eu. Инвестицијата ќе биде остварена во неколку фази, а договорот за неа е веќе потпишан. Компанијата, која е лидер во Турција и конкурент на големите европски фирми, ќе создаде модерно производство на фотонапонски компоненти, што ќе обезбеди нови работни места и технологии во регионот.

  • 20 june 2024Lasselsberger ќе гради модерна фабрика за градежни материјали во Сандулешти, Романија

    Австрискиот гигант за градежни материјали Lasselsberger, матичната компанија на познатиот романски бренд за гранитни керамички плочки Cesarom, гради авангардна фабрика во северозападната романска општина Сандулешти во округот Клуж. Оваа информација BalkanEngineer.com ја дозна од SeeNews.com. Инвестицијата, проценета на 823,6 милиони леи (165,5 милиони евра) ќе ја стимулира локалната економија и ќе го поддржи градежниот сектор во земјава. Големиот проект е значително поддржан од романската влада преку неповратна државна помош од 133,2 милиони леи.

Види ги сите »