Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

SpaceCAD: CADSTAR е оптималниот софтвер за професионално проектирање на печатени плочи

19 september 2022

In Bulgarian  In Serbian

 

CADSTAR е меѓу водечките експертски EDA системи за проектирање на електронски кола и печатени плочи (PCB). Конфигурацијата на софтверот е компатибилна со персонални компјутери, а неговите оптимална ефикасност и предности се поддржани од искажувања на илјадници задоволни клиенти од целиот свет. Системот EDA е разработен од Zuken а на пазарот се нуди од SpaceCAD - докажан снабдувач и системски интегратор на софтверски решенија и хардвер за проектирање, CNC производство и индустриска автоматизација. Специјалистите од компанијата ги коментираа за balkanengineer.com суштината и карактеристиките на CADSTAR - погледнете повеќе во следните редови.

 

 

„CADSTAR е моќен и сигурен професионален софтвер кој истовремено е буџетски и лесен за користење. Ги покрива сите задачи на шематско снимање, поставување, следење, создавање и управување со библиотеки, анализа на квалитетот на сигналот и електромагнетните интеракции (EMC), заедно со генерирањето на податоци и NC програми за управување на производството“, објаснија од SpaceCAD.

 

EDA системот за проектирање на печатни плочи CADSTAR има 3 варијанти на функционални конфигурации од кои корисникот може да избере најсоодветна за своите потреби и цели.

 

 - LITE Limited

 - BASIC Standard

 - PROFESSIONAL

 

Прецизната и сигурна изработка на печатени плочи е загарантирана со специјализираните модули вградени во CADSTAR. Тие се:

 

 - Модул за шематско проектирање – високо интегрирано решение на влезот на процесот кое обезбедува мазна и непречена транзиција (анотација напред и назад) помеѓу шеми и печатени плочи;

 - PCB уредник – „помошник “ за создавање на  правилни конфигурации, применлив за еднослојни, двослојни и повеќеслојни плочи, SMT и RF проекти;

 - Уредник за поставување и трасирање (Place and Route Editor 2000) - се одликува со комбинација на рачни, автоматско интерактивни и автоматски алатки за поставување и трасирање на печатени плочи за да се гарантира оптимална продуктивност, квалитет и технологија кои ги задоволуваат денешните барања при проектирање на печатени плочи;

 - 3D Board Modeler – поврзувачка алка помеѓу електронскиот и механичкиот дизајн. CADSTAR Board Modeler Lite овозможува двонасочна размена на податоци помеѓу CADSTAR и кој било 3D CAD систем за механички дизајн преку STEP или ACIS формат на податоци. Благодарение на ова се создава оптимален 3D модел на печатена плоча, што овозможува изработка на точна производствена документација на финалниот производ.

 

 

„Покрај одржувањето и обезбедувањето на богат асортиман на софтверски и хардверски решенија за нашите клиенти, спроведуваме и специјализирана обука и нудиме консалтинг услуги со цел да гарантираме максимален поврат на нивните инвестиции“, коментираа уште специјалистите од SpaceCAD.

 

Адреса: Бугарија, град Казанлак 6100, ул. „Стара река“ бр. 2, Дом на културата „Арсенал“, 3 кат, канцеларија 110
Телефон: 00359 2 90 33 999, 00359 431 6 35 68
Е-пошта: info@spacecad.bg

 

 

Извор на фотографии: СпејсКАД (SpaceCAD)

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »