In Serbian In Albanian
Zel X е најновата облачна SaaS понуда на Siemens Digital Industries Software, специјално разработена за мали и средни претпријатија. Таа се базира на експертното искуство на Siemens и обезбедува веб пристап до професионални комплети од алатки кои ги забрзуваат процесите на производство на детали - од барање за понуда до испорака на делови. „Професионалниот софтвер овозможува зголемување на добиените проекти и сатисфакција на клиентите, намалување на ризикот од грешки и времето за инженеринг, а со нејзината прифатлива цена се намалуваат ИТ трошоците на претпријатијата“, соопштија за BalkanEngineer.com от SpaceCAD, водечка трговска и инженеринг компанија во областа на софтверските решенија и официјален партнер на Siemens Digital Industries Software.
Zel X обезбедува поврзаност помеѓу тимовите, независно од нивната местоположба. Без разлика дали се професионалците на пат, во канцеларија или на лице место кај клиентот, CAD-датотеките може да се преземат од кој било уред за прегледување и маркирање.
„Zel X дава можност за создавањето на точни понуди за детали и апарати со лесен CAD и CAM со 2,5 оски. Преку софтверските производи, може да се маркираат и валидираат критични димензии, да се моделира и директно уредува датотеката, брзо и интуитивно. Создавањето на 2D цртежи е автоматизирано, исто така може да се следат работните процеси и да се управуваат автоматизираните барања за понуда (RFQs), како и комуникацијата со подизведувачите“, објаснија специјалистите на SpaceCAD и продолжија: „Zel X е облак апликација која бара ECA (Enterprise Cloud Account). Облак сметката обезбедува 500 GB пловечки простор за користење на сите тековни претплати на клиентот.
Добри причини за имплементација на Zel X:
- Соработка од кое било место, на кој било уред;
- Пристап до CAD и CAM алатки;
- Современи алатки за обработка на понуди и управување со производствениот процес.
Специјализираното SaaS решение е иновација наменета да го модернизира бизнисот. Исто така, тоа му овозможува да се развива, комбинирајќи трговски и инженеринг функционалности во еден дигитален производ.
Zel X е семејство на софтверски решенија, со различни конфигурации, меѓу кои секој корисник може да го пронајде софтверскиот пакет кој ги задоволува неговите деловни потреби. Дел од функциите кои придонесуваат за оптимизација на активноста вклучуваат
- Создавање на широк спектар на различни видови на производи;
- Планирање, извршување, проследување и синхронизација на операциите;
- Ефективно управување и можност за соработка помеѓу корисниците во однос на податоците за производот;
- Тестирање и валидација на проекти пред да бидат извршени;
- Автоматизирани барања за понуди и олеснети испораки.
Адреса: Бугарија, град Казанлак 6100, ул. „Стара река“ бр. 2, Дом на културата „Арсенал“, 3 кат, канцеларија 110
Телефон: +359 2 903 3999, +359 4316 3568
Е-пошта: info@spacecad.bg
Извор на фотографии: SpaceCAD (СпејсКад), Siemens Digital Industries Software, canva.com