Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

SpaceCAD: Новиот делта робот KUKA KR 3 D1200 сигурно извршува задачи за собирање и поставување на прехранбени производи

11 may 2023

In Bulgarian   In Serbian

 

„KUKA ја објави пазарната премиера на KR 3 D1200 – нов делта робот, специјално разработен за собирање и редење на прехранбени производи, заедно со многу други негови примени. Оптимизирана функционалност, голема брзина и носивост до 6 килограми се клучнитпредности што го карактеризираат роботот“, информираа од SpaceCAD. „Новиот KR 3 D1200 е дел од портфолиото на KUKA Hygienic Oil (HO). Со максимална прецизност и брзина тој извршува различни задачи за земање и поставување. Иако роботот има номинална носивост од 3 килограми, тој е проектиран за товари до 6 кг, на пример храна, лекови или електронски детали. Ова го става на една од лидерските позиции меѓу делта роботите на пазарот“, додадоа од компанијата, која е специјализирана за софтверски и роботизирани решенија за индустријата. Повеќе поединости за суштината, функционалноста и техничките спецификации на KR 3 D1200 ќе дознаете во следните редови.

 

 

Роботот е проектиран за монтажа на таван и има компактни димензии. Со опсег од 1200 mm во хоризонтална и 350 mm во вертикална насока, KR 3 D1200 постигнува висока оперативна прецизност (забелешка на уредникот: повторливост на положбата од ±0,1 mm и аголна повторливост од ±0,2 °).

 

„Малиот роботизиран „помошник“ реализира работен циклус при оптоварување од 1 килограм за време помало од 0,32 секунди, што е брзина без преседан. Исто така, бара минимално одржување, со што драстично се намалува времето на застој. Капсулирани запчаници со доживотно подмачкување и самоподмачкувачки топчести зглобови помагаат да се гарантира висока продуктивност на роботот. KR 3 D1200 е главно изработен од јаглеродни влакна и тоа го прави особено лесен и истовремено робустен. Како резултат на тоа, роботот импресионира со ниски трошоци за одржување и максимална продуктивност“, објаснија бугарските специјалисти.

 

Дополнителни предности на KR 3 D1200 во областа на прехранбената и фармацевтската индустрија

 

Во споредба со KR 3 D1200 HM, чие куќиште е изработено од нерѓосувачки челик, новиот делта робот е главно исработен од јаглеродни влакна. Ова го прави полесен и значително побрз (за околу 30%). Тој импресионира со поголема цилиндрична работна обвивка и пониска цена.

 

 

Техничка спецификација на KUKA KR 3 D1200:

 

- Максимален дофат: 600 mm;

- Максимален дијаметар: 1200 mm;

- Максимална носивост: 6 илограми;

- Номинална носивост: 3 килограми;

- Број на оски: 4;

- Број на управувани оски: 4;

- Повторливост на позата (ISO 9283): ±0,1 mm;

- Положба на монтирање: таван;

- Тежина: 95 килограми;

- Ниво на звукот: < 75 dB (A).

 

Дополнителни карактеристики на новиот робот:

 

- Амбиентална температура за време на работа: 0 – 45 °C (273 K до 318 K);

- Степен на заштита (IEC 60529): IP67;

- Степен на заштита, зглоб на робот (IEC60529): IP69K;

- Контролер: KR C5 micro.

 

Адреса: Бугарија, град Казанлак 6100, ул. „Стара река“ бр. 2, Дом на културата „Арсенал“, 3 кат, канцеларија 110
Телефон: +359 2 903 3999, +359 4316 3568
Е-пошта: info@spacecad.bg 

 

 

Извор на фотографии: SpaceCAD (СпејсКад), KUKA, canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »