Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

SpaceCAD: Интегриран во софтверот Solid Edge, ALMA ASCO обезбедува оптимално решение за проектирање и производство

20 march 2024

In Bulgarian  In Serbian

 

Една од добрите практики на Siemens Digital Industries Software е партнерството на компанијата со многу докажани софтверски компании, што има за цел создавањето на специјализирани апликации за проширување на можностите на своите клиенти и партнери. „Одличен пример во оваа насока е неговата интеракција со ALMA ASCO Software – водечки развивач на CAD/CAM софтвер за производството на лимени производи и активен учесник во партнерската програма на Siemens со фокус на решенија интегрирани со Siemens Solid Edge. Интеграцијата помеѓу двата производи со право може да се одреди како оптимално решение за компаниите во машиноградбата“, коментираа од SpaceCAD.

 

 

Софтверските решенија ALMA ASCO контролираат многу технолошки процеси за производство на лим и машинско заварување, од стандардни машини до посложени инсталации. Тие обезбедуваат брзи мерливи конкурентни предности и се разработени да обезбедат одлично корисничко доживување. Интеграцијата со постојните CAD, PDM, CAM и ERP процеси на секој производител е клучна можност за оптимизација на нивниот бизнис. Софтверот ALMA ASCO е интегриран во Solid Edge за верзиите на целосната софтверска платформа ажурирани по 2020 година.

 

Како официјален дистрибутер на софтверските решенија на Siemens Digital Industries Software, SpaceCAD им овозможува на бугарските корисници пристап до револуционерниот дигитален пакет за проектирање и производство на лимени производи.

 

Софтверот ALMA ASCO се состои од различни модули фокусирани во неколку фундаментални области, меѓу кои:

-Насоки за дигитален дизајн

 

Софтверот поддржува CAD насоки за дигитален дизајн во диз производственото проектирање, спроведувајќи ги клучните параметри кои гарантираат квалитет и технологија.

 

-Производствено ориентирана обработка

Тоа дозволува поставувањето на параметри што се специфични за соодветниот производител за свиткување за време на процесите на проектирање и подготовка на производството. Карактеристиките на свиткување на моделот се визуализираат на цртежот на Solid Edge со клучни информации за секое поединечно свиткување.

 

-Препознавање на карактеристиките на дизајнот и производството

Автоматското препознавање на карактеристиките што се користат за операции со лимови ги вклучува процесите на обликување, правење на навои и сечење на елементи. Софтверот автоматски ги интерпретира карактеристиките како што се решетки, вдлабнатини и навои, како и специјалните типови на обработка потребни за нивно остварување, иа врз основа на тоа ги генерира точните спецификации за создавањето на NC траекторија на алатот. 

 

  

-Автоматско одредување на временските циклуси на машината:

На ниво постпроцесор, софтверот автоматски го поставува потребното технолошко време за производствените операции, вклучително виткање, сечење, глодање и штанцување.

 

Адреса: Бугарија, град Казанлак 6100, ул. „Стара река“ бр. 2, Дом на културата „Арсенал“, 3 кат, канцеларија 110
Телефон: +359 2 903 3999, +359 4316 3568
Е-пошта: info@spacecad.bg 

 

 

Извор на фотографии: SpaceCAD (СпејсКад), Siemens Digital Industries Software, canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »