Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Smart Solar: Имавме задоволство да бидеме дел од саемот Solar Solutions Düsseldorf фокусиран на иднината на сончевата енергија

17 january 2024

In Albanian  In Bulgarian  In Serbian

 

Smart Solar Technologies е глобална компанија која работи во областа на обновливите извори на енергија (ОИЕ), а поспецијално во правецот „Соларна енергетика“. Компанијата ги започна своите инвестиции во секторот ОИЕ во Европа уште во 2009 година, при што до денес работи на територијата на Бугарија, Турција, Романија, Грција, Швајцарија, Украина, Шпанија и Германија. Тимот на Smart Solar Technologies, заедно со повеќе од 200 други меѓународни лидери на пазарот на сончева енергија, учествуваше на големиот B2B саем Solar Solutions, која се одржа на крајот на минатата година во Диселдорф (Messe Düsseldorf), Германија.

 

 

„Во фокусот на нашето учество на саемот Solar Solutions беа ставени нашите нови производи и иновациите кои се од суштинско значење за монтери, програмери и други соларни професионалци. Нашиот штанд се наоѓаше во хала 14, како дел од изложбата на соларни технологии кои ја обликуваат одржливата енергетска иднина. Нашето претставување се фокусираше на нашите соларни панели, сопствена разработка, кои ги нудиме на пазарот под трговскиот бренд Smart Solar. Важно е да обележиме дека освен производство на модули и целосниот опсег на инженеринг услуги, ние придонесуваме и за развојот на секторот како инвеститор. Атмосферата на форумот беше погодна за создавање на деловни контакти и корисна размена на искуства и информации“, коментираат од докажаната компанија.

 

Акценти на саемот беа тематските модули:

- „Паметно складирање“, во кое производители и трговци на големо и на мало демонстрираа иновации кои им помагаат на монтери, програмери и други професионалци да ги исполнат барањата на пазарот;

- „EV полнење“, ги претставува најновите трендови, разработувања и производи за складирање на енергија од познати брендови во областа и можност за создавање на важни деловни контакти;

- „Зелено греење“ вклучува демонстрација на иновации во гранката, практични семинари и дискусии во мрежа со голем дел од авторитетите во областа на  технологијата за одржлива клима.

Освен овде најавените модули, посетителите и изложувачите имаа пристап и до богата придружна програма, која вклучуваше едукативни семинари за трендовите и развојот на секторот, како и до така наречените „Европски соларни игри“, за време на кои се натпреваруваа монтери, демонстрирајќи ги своите вештини.

 

 

Доколку некој од акцентите во најновото издание на Solar Solutions Düsseldorf ви го привлече вниманието или сте заинтересирани за можностите за реализација и користа од соларната инсталација, докажаните специјалисти на Smart Solar со задоволство ќе одговорат на вашето прашање, обезбедувајќи професионална консултација и помош во однос на потенцијалните проекти.

 

Адреса: Софија 1407, населба „Хладилника“, улица Никола Ј. Вапцаров бр. 35

Телефон: +359 2 962 7151
Е-пошта: skopje@smartsolar.bg 

 

 

Извор на фотографии: Smart Solar, Solar Solutions Düsseldorf

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »