In Serbian In Bulgarian In Albanian
Инженерсинг компанијата Smart Solar,, дел од бизнис групацијата Smart Energy, ги развива своите активности со забележливо темпо, потврдувајќи ги своите лидерски позиции во областа на соларната енергија во земјата и странство. Меѓу новите проекти на кои работат тимовите на компанијата се четири големи фотонапонски паркови во Португалија. „Дел од нив е и копнената фотонапонска инсталација во град Абрантес, Португалија, со капацитет на произведена моќност од 24 MWp. Во моментов сите наши проекти во јужната европска земја се во фаза на изградба. По завршувањето на фотонапонските инсталации ќе поминеме кон мониторинг и пуштање во употреба на фотонапонските централи (ФЕЦ)“, информираа од Smart Solar.
Фотонапонската инсталација во Абрантес вклучува: 43.680 соларни панели Longi 555 W поврзани во серија во низи (28 панели по низа) до вкупно 80 инвертори TEBA од 250 kW и 20 трафостаници. Копнената инсталација за генерирање на електрична енергија од обновливи извори на енергија (ОИЕ) поседува и систем за следење Akcome 1P, со што се зголемува нејзината ефикасност.
Професионалците од Smart Solar се избрани од страна на странскиот нарачувач да ги извршуваат активностите за изградба, мониторинг и пуштање во употреба на објектот. Користењето на опремата за ФЕЦ Абрантес вклучува интелигентен систем за следење Akcome 1P, инвертор TS 250KTL-HV на TEBA и фотонапонски панели LR5-72HBD-555M на Longi.
Интелигентниот систем Akcome 1P е проектиран да го следи секојдневното движење на сонцето исток-запад со движење на цела серија компоненти, при што за регулирање на брзината се користи редуктор. Инверторот е дел од серијата фотонапонски инвертори поврзани кон мрежата со максимален влезен напон од 1500V, а соларните панели на Longi од серијата LR5 се карактеризираат со можност за интелигентно лемење, оптимизирани димензии и електрични параметри и други.
Адреса: Софија 1407, населба „Хладилника“, улица Никола Ј. Вапцаров бр. 35
Телефон: +359 2 962 7151
Е-пошта: skopje@smartsolar.bg
Извор на фотографии: Smart Solar (Смарт Солар), Akcome, Longi, TEBA, canva.com