Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Smart Solar: Кои се главните технички карактеристики за избор на фотонапонски панели со оптимален сооднос цена-квалитет

21 july 2023

In Bulgarian  In Serbian

 

Индустријата а исто така и масовниот потрошувач се повеќе обрнуваат внимание на влијанието на нивните активности врз животната средина. Претпријатијата градат различни стратегии за намалување на нивниот јаглероден отпечаток, сообразени со спецификите на конкретните производствени операции. Сепак, заедничко за сите нив е желбата за постигнување на енергетска ефикасност. Во овој контекст, обновливите извори на енергија (ОИЕ) се претвораат во најпосакувано решение, кое често се поврзува со фотонапонски централи. А основен фактор за нивната ефикасност се соларните панели. Како да ги изберете оптималните панели меѓу огромната разновидност на пазарот, објаснија специјалистите од Smart Solar.

 

 

Финансиски аспект при изборот на соларни панели

 

„Морето“ пазарни понуди го одредува постоењето на голем број фактори кои треба да влијаат на одлуката на потрошувачот за купување на соларен панел. Разновидноста на производители доведува до разлики во спецификите на поединечните модули, затоа цената не треба да биде главниот фокус“, категорични се од Смарт Солар.

 

Важни технички карактеристики на кои треба да се обрне внимание при изборот на соларни панели

 

Дозволени отстапувања

 

Овој термин го дефинира опсегот во кој соларниот панел ќе ја надмине или нема да ја достигне неговата номинална моќ.

 

Температурен коефициент

Ефикасност на конверзијата

PID отпор

 

PID (Potential Induced Degradation) е кратенка за потенцијално индуцирана деградација.

Квалитетните соларни панели имаат малку или никаков PID.

 

Отпорност на LID

 

LID (Light Induced Degradation) значи деградација индуцирана од светлината

„Добриот соларен панел ќе има мал или никаков LID“, објаснија инженерите на Смарт Солар.

 

Отелотворена енергија

Долготрајност и гаранција

 

„Сите наши фотонапонски панели се нудат со 25-годишен гарантен рок, како и 12-годишна производствена гаранција за употребените материјали“, споделија од компанијата.

 

Изборот на инсталатер е исто така многу важен

 

„Бидејќи најверојатно нема да купувате соларни панели директно од производителот, изборот на инсталатер и трговец на мало е исто така важен. Најдобро е да изберете компанија за инсталација која е сервисен агент за гарантни работи на соларните панели на вашиот избран производител. Во овој случај, доколку се јави проблем, времето за негово решавање ќе биде значително пократко“, додаваат уште експертите од Smart Solar.

 

Наскоро очекувајте продолжение на темата, во која ќе ви претставиме интересни информации за капацитетот на соларните панели, како и кои се предностите на понудата на производи во портфолиото на Smart Solar.

 

Адреса: Софија 1407, населба „Хладилника“, улица Никола Ј. Вапцаров бр. 35

Телефон: +359 2 962 7151
Е-пошта: skopje@smartsolar.bg 

 

 

Извор на фотографии: Smart Solar (Смарт Солар), canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »