Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Smart Solar беше коорганизатор на Be Renewable - првиот меѓународен B2B форум кој ја презентира еволуцијата на ОИЕ секторот

02 november 2023

In Bulgarian  In Albanian  In Serbian

 

Докажаните експерти од инженеринг компанијата од областа на соларната енергија Smart Solar беа коорганизитори на првиот саем на меѓународниот форум за зелена енергија Be Renewable преку Solar Academy - професионална организација која го поддржува развојот на енергетскиот сектор во земјата и образованието во оваа насока. Во оваа 2023 година се одржа B2B настанот под наслов: „Енергетска еволуција: европски практики, локална примена“. Настанот се одржа од 2 до 3 октомври во Интер Експо Центар - Софија (ИЕЦ), сала Витоша, а на него присуствуваа многу експерти и етаблирани професионалци од областа на ОИЕ, кои во рамките на 2 дена и 8 предавачки панели дискутираа на актуелни теми и трендови во областа.

 

 

„Be Renewable 2023 е првата специјализирана конференција во Бугарија која го следи развојот на секторот за обновливи извори на енергија (ОИЕ). Среќни сме што имавме можност да придонесеме за реализацијата на овој настан кој ги обедини институционалните и техничките достигнувања во областа на ОИЕ за територијата на Европа. Првото издание на B2B саемот „Енергетска еволуција: европски практики, локална примена“ се фокусираше на различни обновливи извори на енергија. Тоа им даде можност на учесниците да се запознаат со најновите достигнувања во ОИЕ секторот - иновативни технологии, бизнис модели и финансиски решенија, како и со најдобрите практики во разработките, примената и регулирањето на проекти за обновливи извори на енергија“, соопштија специјалистите од Smart Solar.

 

Со своето деби на ИЕЦ, Be Renewable поднесе барање да се етаблира како клучен бизнис форум од суштинско значење за развојот на индустријата за ОИЕ и за охрабрување на одржлив и еколошки одговорен пристап кон производството на енергија.

 

 

Темите разгледувани за време на големиот B2B настан за зелена енергија беа:

-Зелената транзиција во Европа и улогата на европските политики за зелена енергија во разработката на енергетската стратегија на Бугарија;

-Добри практики и модели од Европа: успешни примери од други европски земји кои можат да се применат во бугарскиот контекст и да ја поддржат одржливата транзиција;

-Стандарди и улогата на човечкиот капитал за енергетска трансформација;

-Финансирање и инвестиции во ОИЕ секторот: предизвици, можности и инвестициски модели;

-Трговија со енергија и улогата на енергетските берзи во конкурентноста и транспарентноста на пазарот;

-Улогата на меѓународната соработка во одржливото управување со енергетските и климатските предизвици;

-Развој на нови технолошки решенија во областите електромобилност, зелен водород и изградбата со ниски емисии.

 

Адреса: Софија 1407, населба „Хладилника“, улица Никола Ј. Вапцаров бр. 35

Телефон: +359 2 962 7151
Е-пошта: skopje@smartsolar.bg 

 

 

Извор на фотографии: Smart Solar (Смарт Солар), Интер Експо Центар – Софија (ИЕЦ), canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »