Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Smart Energy Group: Кои се очекуваните регулативи од Европската Унија во врска со производството на фотонапонски панели

28 march 2024

In Bulgarian  In Albanian  In Serbian

 

Членовите на Европскиот совет на производители на фотонапонски панели (ESMC) се едногласни дека субвенциите за производството, односно нивниот увоз, се сериозна закана за постоењето на европските производители. Оваа ситуација е предуслов за пазарна нееднаквост и сериозна пазарна предност на Кина, која ја елиминира конкурентноста на европските производители. Важно е да има праведен и еднаков почеток за европските и азиските производители, тогаш ќе постои шанса за развој на овој бизнис во Европа“, коментира г-дин Тодор Георгиев, косопственик и извршен директор на Smart Energy Group и управител на Smart Solar. Како г-дин Георгиев, од позиција на своето долгогодишно искуство во сферата на фотонапонските инсталации, дел од секторот на обновливи извори на енергија (ОИЕ), ја коментира актуелната состојба во индустријата и очекуваните регулативи од Европската Унија ( ЕУ).

 

 

Smart Energy Group е во фотонапонскиот  бизнис повеќе од 15 години. Групацијата од компании е прва во Бугарија која проектира, изградува и одржува фотонапонски електрични централи (ФЕЦ). За ова време, брендот создаде богато портфолио на успешно реализирани проекти во земјата, Турција и во целата Европската Унија. Smart Energy веќе 5 години се занимава и со производство на фотонапонски панели. „Веќе имаме 4 фабрики на територијата на Турција, а многу наскоро ќе започнеме да произведуваме и ќелии за фотонапонски модули. Нашите развојни планови во секторот вклучуваат опфаќање на целиот циклус и проширување на нашата активност, затоа се стремиме постојано да се информираме за новите трендови, технологии, барања и регулативи во областа на ОИЕ. Недостигот од субвенции од страна на ЕУ е актуелен проблем за индустријата, чиешто решение очекуваме во блиска иднина“, изјави г-дин Георгиев.

Производствените капацитети за фотонапонски панели на Smart Energy, лоцирани во Турција, се рентабилни, благодарение на преференциите што државата ги доделува во оваа насока. Тие се во форма на даночни и осигурителни олеснувања за производителите и одделно антидампинг царини за кинеските производители кои се движат помеѓу 40-100%, што ја става Турција на второ место, по Кина, како увозник на фотонапонски панели. Надвор од производствениот сектор, нашиот јужен сосед дава и субвенции за изградба на ФЕЦ.

 

 

САД, исто така, обезбедуваат даночни и осигурителни олеснувања, како и субвенции. Посебно, при инвестирање во локално произведени панели, државата обезбедува дополнителни преференции, изразени во тоа дека покрива 10% од инвестициите во фотонапонски централи, под услов во нив да се користат повеќе од 40% од локално произведени панели. Имено поради оваа причина Smart Energy ги истражува можностите за изградба на фабрики за фотонапонски панели на територијата на Соединетите Американски Држави.

 

Адреса: Софија 1407, населба „Хладилника“, улица Никола Ј. Вапцаров бр. 35

Телефон: +359 2 962 7151
Е-пошта: skopje@smartsolar.bg 

 

 

Извор на фотографии: Smart Energy, Smart Solar

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »