Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Smart Energy става акцент на иновациите во соларните технологии и паметната „зелена“ иднина за време на саемот во Солун

12 september 2023

In Bulgarian  In Serbian

 

Smart Energy учествува на меѓународниот саем во Солун (TIF - Thessaloniki International Fair), кој се одржува од 9 до 17 септември 2023 година во Грција. Групацијата на компании Smart Energy е специјализирана за проектирање, инженеринг, испорака, изградба, пуштање во работа и последователно одржување на соларни централи, заземајќи водечка позиција на пазарот во Бугарија и во странство. „Како лидер во изградбата на фотонапонски централи „клуч на рака“,Smart Energy го споделува своето долгогодишно практично искуство и продлабоченото познавање на соларните технологии во корист на посетителите на специјализираната изложба „Енергетика - кружна економија“, соопштија од Smart Energy Group. Поединости за презентацијата на Smart Energy за време на овогодинешното 87-мо издание на Меѓународниот саем во Солун ќе дознаете од следните редови.

 

 

Изложбената секција „Енергетика - кружна економија“ е посветен на еколошкиот дизајн, повторната употреба на материјали со цел намалување на влијанието врз животната средина и пионерски технолошки примени за оптимално искористување на енергијата. Меѓу излагачите кои учествуваат на неа се компании кои обезбедуваат иновативни системи за греење и ладење, нови технологии, како и производи наменети за потрошувачите во домаќинството. Посетителите можат да се информираат за прашања поврзани со современата градба, „зелените“ инфраструктури, предностите и усовршувањето на технологиите за производство на електрична енергија од обновливи извори (ОИЕ) и многу други.

 

Smart Energy учествуваше на форумот како компанија која во 2018 година ја основа својата прва сопствена фабрика за фотонапонски панели, лоцирана во град Истанбул, Турција. До денес, компанијата има уште две производствени претпријатија со тековен годишен капацитет од над 3.000 MWp моќност, лоцирани во град Измир и град Коџаели, Турција.

Компанијата презентира поединости за монокристалните панели од серијата Phono Solar и Smart Solar, сопствен развој и производство, направени врз основа на технологијата „High Efficiency Half Cut“. Тие се сертифицирани како „Tier – 1“  (ниво - 1) во рангирањето на соларни панели од Bloomberg и се позиционирани во премиум класата во однос на продуктивност и сигурност.

 

 

„За време на големиот B2B саем, дочекувајќи специјалисти од целиот свет во атмосфера на меѓународна соработка на патот кон одржлива „зелена“ иднина, раскажуваме за нашите проекти „клуч на рака“ кои ги реализираме на глобално ниво. Нивната вкупна инсталирана моќност надминува 500 MW, од кои 200 MW се изведени  од нас во улога на инвеститор или партнер“, додадоа од Smart Energy.

 

Станете дел од паметната „зелена“ иднина!

За своите гости, тимот на Smart Energy подготви интересни, корисни и стратешки важни информации за можностите за реализација на проекти во обновливите извори на енергија.

Што: Меѓународен саем во Солун (TIF)

Кога: 9 до 17 септември 2023 година

Каде: ул. Игнатија 154, Солун, Грција

Повеќе поединости за посетата (влезници, локација, паркинг) може да најдете ТУКА.

 

Адреса: Софија 1407, населба „Хладилника“, улица Никола Ј. Вапцаров бр. 35

Телефон: +359 2 962 7151
Е-пошта: skopje@smartsolar.bg 

 

 Извор на фотографии: Smart Solar (Смарт Солар), Smart Energy, TIF

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »