Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Smart Energy ја одбележа 12-годишнината од поврзувањето на својата прва сопствена ФЕЦ

17 may 2023

In Bulgarian  In Serbian

 

Smart Energy ја одбележа 12-годишнината од својата прва сопствена фотонапонска централа (ФЕЦ). Објектот со моќност од 2 MWp се наоѓа во село Раковсково, општина Несебар, а на 15 април 2011 година беше приклучен на електроенергетскиот систем на земјата. 26 април истата година е датумот на неговото официјално пуштање во употреба, со што централата започнува со производство на електрична енергија. Затоа, во следните редови ќе ви раскажеме за историјата на еден од пионерите на зелената енергетика - компанијата Smart Energy. Продолжете со читање и нурнете се во духот на „зелената“ енергија заедно со нас.

 

 

Smart Energy ги обединува и инженеринг компанијата Smart Solar (Смарт Солар) како и компанијата за трговија со електрична енергија Smart Energy Trade (Смарт Енегџи Трејд).

 

„Зелената“ енергија не е случаен избор, таа е иднината

 

„За нас производството на електрична енергија од ОИЕ е иднината. Во оваа смисла, изборот на „зелена“ енергија е природна последица на нашите професионални и глобални гледишта, бидејќи клучот за напредокот е стремежот за преземање на одговорност. Каменото доба не заврши затоа што снемаа камења, туку затоа што еволуиравме и почнавме да користиме помодерни алати. Истото е и со јагленот и нафтата - едноставно доаѓаат поеколошки, поефикасни, поштедливи кон природата технологии “, коментира г-дин Георгиев.

 

„Порастот на населението е како лавина, а ако продолжи трендот на загадување на животната средина, претстои тажно сценарио за целата планета. Тоа се предусловите што ја наведнаа вагата во корист на одлуката да изградиме бизнис кој не само што се обидува да ја зачува чистотата на природата, туку и да придонесе за развојот на општеството и технологиите во „позелена“ насока“, продолжи тој.

 

 

Пораката на брендот Smart Energy и вредностите поставени во темелите на бизнисот

 

„Нашата порака е кодирана во името на компанијата - ги правиме работите паметно. Од самиот почеток, се стремиме да работиме на наш сопствен начин, единствен на пазарот. Воведуваме различни иновации така да производите што ги нудиме, во овој случај фотонапонските централи, да работат оптимално според барањата на клиентите. Имаме неконвенционален поглед, кој се комбинира со фактот дека даваме се од себе - работиме со жар и желба, така што успесите не доцнат“, објаснија од компанијата.

 

Адреса: Софија 1407, населба „Хладилника“, улица Никола Ј. Вапцаров бр. 35

Телефон: +359 2 962 7151
Е-пошта: skopje@smartsolar.bg 

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Smart Solar (Смарт Солар), Smart Energy, canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »