Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Schneider Electric става акцент на одржливи решенија за влијание врз климата на Innovation Summit 2024

28 april 2024

In Bulgarian In Albanian In Serbian

 

На 3 и 4 април,  светскиот лидер во дигиталната трансформација на управувањето со енергија и автоматизацијата Schneider Electric, даде старт на претворениот во традиција за компанијата меѓународен форум Innovation Summit World Tour. Почнувајќи од 2016 година, во серија на настани во различни делови на светот, тој ги презентира најновите иновативни разработки, најновите решенија и партнерства на Schneider Electric, кои ја движат иднината на автоматизацијата, електрификацијата и дигитализацијата.

 

 

Стартот на овогодинешното издание беше поставен во Париз со дводневна програма на пленарни седници, тркалезни маси, панели за дискусија, длабински анализи, размени и создавање на нови контакти, обиколки на саемските сали и друго. Настанот во француската престолнина собра стотици клиенти, партнери и етаблирани лидери во гранката, а уште илјадници специјалисти во светот имаа можност да присуствуваат онлајн на отворањето на Innovation Summit 2024.

„Со оглед на рекордното глобално затоплување и фактот дека 2023 година беше најжешката година регистрирана во историјата на човештвото, ги повикуваме нашиот сектор и бизнисите ширум светот да се обединат за да постигнат суштинска промена во борбата против климатската криза. Денес постои технологија за драстично намалување на емисиите и поврзување на напредокот и одржливоста“, изјави Питер Хервек, извршен директор на Schneider Electric. „Само преку иновативни решенија и заедничка работа можеме да отклучиме нови можности за дигитализација, електрификација и декарбонизација кои имаат трајно влијание врз животната средина. Затоа што заедно можеме да ја претвориме амбицијата во акција и да направиме нешто што досега не е направено“, додаде уште тој.

 

Во своето обраќање до учесниците на форумот, извршниот директор на Schneider Electric ги повика глобалните лидери од различни индустриски сектори да го забрзаат своето патување кон дигитална трансформација, користејќи ги новите технологии и партнерствата за постигнување на целите за ефикасност, продуктивност и одржливост. „80% од емисиите се предизвикани како последица од несигурен пристап до енергијата, а со помош на сегашната технологија 70% од овие емисии може бидат фатени. Дигитализацијата и вештачката интелигенција ќе бидат од неверојатна корист во изградбата на одржлива иднина“, категоричен беше г-дин Хервек.

 

 

За време на Innovation Summit Paris 2024 Schneider Electric претстави голем број иновативни решенија за поддршка на компаниите при разработката на стратегии за дигитализација и декарбонизација. како и за извршувањето на активности кои ќе ја забрзаат реализацијата на нивните ангажираности за одржливост, вклучително и новата софтверска платформа CONNECT за индустриска интелигенција на AVEVA, како и збогатено портфолио со решенија за eMobility.

 

Адреса: Бугарија, Софија 1715, Бизнис Парк Софија, населба Младост 4, зграда 7Б, 4 кат
Телефон: +359 2 932 9320

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Schneider Electric

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »