Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Schneider Electric разработи отворена инфраструктура за индустриска автоматизација од нова генерација во соработка со Intel

09 march 2024

In Bulgarian  In Albanian

 

Глобалниот лидер во дигиталната трансформација на енергетското управување и автоматизацијата  Schneider Electric, во соработка со технолошките компании Intel и Red Hat, го најави пазарното деби на нова софтверска рамка за распределени контролни јазли (DCN), што води кон следната генерација на индустриска контрола. Таа ја надградува  платформата EcoStruxure Automation Expert™ на Schneider Electric, давајќи им можности на индустриските претпријатија да поминат кон софтверски дефинирано решение Plug-and-Produce. Тоа им овозможува значително да ја подобрат својата активност, да го зголемат квалитетот на производството, да ја намалат сложеноста на процесите и да ги оптимизираат своите производствени трошоци.

 

 

„Овој проект е кулминацијата на две години заеднички иновации со цел создавање на ефикасни, одржливи и дистрибуирани системи за контрола кои одговараат на барањата на иднината“, коментира Натали Маркот, виш потпретседател за автоматизација на процесите во Schneider Electric. „Рамката за DCN е од клучно значење за транзицијата кон отворен пристап на автоматизација кој го поттикнува растот, развојот и отворањето на иновациската моќ на компаниите. Нејзината интероперабилност и функционалност им помага на клиентите да имаат корист од слободата да ги обликуваат технологиите според нивните деловни потреби, а не обратното“, објасни уште таа.

 

Кристин Боулс, потпретседател на Network and Edge Group на Intel и генерален менаџер за индустриските решенија во компанијата, коментира: „Отворените и меѓусебно поврзаните системи ќе помогнат во преминот од патентирани уреди со фиксирани функции кон флексибилни и динамични софтверски инфраструктури. Оваа соработка со Schneider Electric и Red Hat за разработка на софтверски дефиниран систем за управување кој ги демонстрира дистрибуираните контролни јазли од следната генерација на базата на компјутерски и оперативни системи за општа намена, ја поддржува оваа транзиција во индустрискиот сектор.

 

 

„Red Hat се ангажира да им помогне на производствените компании да применат автономни операции во нивното производство“, рече Френсис Чоу, потпретседател и генерален менаџер за In-Vehicle оперативен систем и Edge во Red Hat. „Благодарение на блиската соработка со Schneider Electric и Intel, можеме да помогнеме во изградбата на скалабилни, софтверски дефинирани процеси и фабрики на иднината со усовршена автоматизација и интероперабилност користејќи конзистентен платформен пристап. Заедничката работа со нашите партнери е навистина возбудлива, а ова е само почетокот. Преземајќи ги овие чекори сега, можеме да и помогнеме на индустријата да ги истражи сите можности што вештачката интелигенција, локално дистрибуираните системи и други иновации се во состојба да ги понудат“, додаде уште Френсис Чоу.

 

Адреса: Бугарија, Софија 1715, Бизнис Парк Софија, населба Младост 4, зграда 7Б, 4 кат
Телефон: +359 2 932 9320

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Schneider Electric

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

  • 13 december 2024Решенијата за автоматизација на згради на AББ обезбедуваат енергетско ефикасна иднина за петвековна зграда во Шкотска

    Позната некогаш како дом на монаси и кралски дворјани, како и на должници во бегство од властите, опатија Странд (Abbey Strand) во Единбург, Шкотска, чува сакрално историско и архитектонско наследство. Денес таа е веќе модернизирана со целосен проект за модернизација кој вклучува најсовремени системи за автоматизација на згради и енергетски менаџмент на АББ. До денес, историската зграда е трансформирана во комплекс со девет луксузни апартмани со првокласна послужување, што е модел за одржлива реконструкција и подобрена енергетска ефикасност на зградите.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »