In Albanian In Bulgarian
Светски познатиот лидер во дигиталната трансформација на енергетското управување и автоматизацијата Schneider Electric ја прошири својата меѓународна структура со преземање на водечката француска групација EcoAct SAS (EcoAct), специјализирана за климатските консултации и решенијата за нулти јаглероден отпечаток (Net Zero). Зделката конечно беше финализирана по консултации со соодветните претставници од Atos Group и по одобрение од надлежните регулаторни органи.
„Здружувајќи сили, две од најетаблираните светски компании во својата област ќе дадат бизнис решенија кои обезбедуваат вистинска додадена вредност како за клиентите, така и за климата. Со богатото портфолио од еколошки производи и услуги на EcoAct, вклучително консултации, инструменти за управување со климатски податоци и разработување на проекти за компензација на јаглеродни емисии, Schneider Electric ќе го прошири и ќе го поттикне својот глобален бизнис за одржливост“, информираа од компанијата.
Со стекнувањето на EcoAct, Schneider Electric ги проширува своите можности во обезбедувањето на целосни решенија кои помагаат за трансформацијата на организациите во нивната транзиција кон јаглеродна неутралност. „Консалтинг услугите на компанијата поврзани со енергетското управување, енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија, набавката на еколошки производи, Net Zero, климатскиот ризик и други, поддржани од широко портфолио на инструменти за дигитално управување и управување со податоци базирано на вештачка интелигенција, ја помагаат разработката на стратегии за одржливост и одредување на цели за декарбонизација“, објаснија уште од компанијата.
„Долго време им се восхитуваме на специјалистите на EcoAct и здружувањето на двете компании ќе ни помогне да ги послужуваме нашите клиенти ширум светот уште подобро“, коментира г-дин Стив Вилхајт, претседател на одржлив бизнис во Schneider Electric.
„Итните активности на патот кон климатската неутралност се во срцето на нашата мисија, и затоа сум убеден дека го најдовме правилниот партнер во лицето на Schneider Electric“, посочи г-дин Стјуарт Леман, главен извршен директор на EcoAct. „Исполнувањето на обврските на компанијата за нулти јаглероден отпечаток не само во нашите сопствени операции, туку и во бизнис активностите на нашите клиенти зрачи красноречива порака кон пазарот“, додаде уште тој.
Комбинирајќи го експертното искуство во областа на новите технологии и концептите за декарбонизација, Schneider Electric и Atos Group поставуваат стабилна основа за стратешко партнерство во создавањето на одржливи производи и решенија кои ги поддржуваат нивните клиенти во нивниот курс кон нулти јаглероден отпечаток.
Адреса: Бугарија, Софија 1715, Бизнис Парк Софија, населба Младост 4, зграда 7Б, 4 кат
Телефон: +359 2 932 9320
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Schneider Electric